Чешкиот претседател: Путин ја чека победата на Трамп за да преговара за Украина без ЕУ

Макфакс
/ 19.12.2023 / 11:16

Претседателот на Чешка, Петр Павел, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин ги чека американските избори во 2024 година и победата на Доналд Трамп, бидејќи се надева дека ќе преговара со него за Украина без мешање на ЕУ.

Финска, чие членство во НАТО беше силно критикувано од Москва, ѝ даде на американската војска неограничен пристап до воените објекти во близина на финско-руската граница.

„Путин сосема јасно стави до знаење дека не може да има разговори за какви било мировни преговори до исходот на изборите во САД. Тој јасно стави до знаење дека за него партнер за можни преговори не е никој друг туку САД. Ниту било која друга од големите европски земји“, рече Павел во интервју за порталот Seznam Zprávy, пишува Euractiv.

Павел предупреди дека доколку Трамп победи на претседателските избори во САД, Путин може да се обиде да преговара со него „без оглед на тоа што мисли Украина или остатокот од Европа“.

„Ваквите преговори меѓу Путин и Трамп би можеле да доведат до некаков компромис кој теоретски ќе го врати статусот на Русија како клучен играч, а другите ќе мора некако да се помират со тоа“, рече чешкиот претседател.

Павел, кој беше шеф на воениот комитет на НАТО пред да стане претседател на Чешка во јануари 2023 година, е силен поддржувач на Украина. Сепак, тој е скептичен за тоа како ќе се развива војната меѓу Русија и Украина. Тој вели дека светот наскоро ќе мора да се соочи со „нова ситуација“.

„Има многу пред нас бидејќи развојот на конфликтот во Украина покажува дека следната година многу веројатно ќе видиме некои значајни случувања. А досегашните показатели говорат дека тоа нема да биде во најдобра смисла на зборот како што би сакале“, рече чешкиот претседател.

Изјавите на Павел се исти како оние на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец. Столтенберг рече дека очекува лоши вести од украинскиот фронт.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе