Честитки од Ципрас до Заев за победата на изборите

Атина, 17 јули 2020 (МИА) – Благодарение на твоите напори, пораката на прогресивните сили стана уште посилна, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во честитката на Twitter до Зоран Заев, додека пак од секторот за меѓународни и европски прашања во грчката опозициска партија, коментираат дека победата  на СДСМ е „уште една оптимистичка порака за иднината на регионот“, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас му честиташе на Заев преку Twitter, додека пак од СИРИЗА, преку соопштение ја коментираа победата на СДСМ.

-Честитки Зоран Заев. Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за општествена правда и мир во нашиот регион, денес стана посилна. Порака не само за Балканот, туку за цела Европа, напиша поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас на Twitter.

-Победата на Социјалдемократската партија на Зоран Заев на парламентарните избори во Северна Македонија е уште една оптимистичка порака за иднината на поширокиот регион, по онаа од историскиот Договор од Преспа. Претставува победа на напредокот, мирот, соработката и помирувањето, не само во Северна Македонија, туку и на Балканот во целина, соопштуваат од СИРИЗА.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе