Четири едноставни пијалаци што треба да се консумираат при анемија

Најчеста причина за анемија е недостатокот на железо, а без него вашето тело не е во можност да произведе хемоглобин што им е потребен на вашите црвени крвни зрнца за да носат кислород. Затоа, железото можете да го вклучите во вашата секојдневна исхрана, но и да го надоместите со едноставни пијалаци.

Некои пијалаци содржат соединенија кои можат да ја влошат анемијата со блокирање на апсорпцијата на железо (кафе, чај, сода), додека други ја подобруваат апсорпцијата или содржат доволно високи концентрации на железо, витамин Б-12 или фолна киселина.

Сок од портокал

Студијата објавена во American Journal of Clinical Nutrition покажа дека консумирањето на витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Еден од најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал бидејќи една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.

Сокот од портокал е исто така добар избор за пиење ако сте станале анемични поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолати. Ова е речиси 19% од дневните потреби за возрасен.

Сок од морков

Диетата во која недостасува храна богата со витамин А може да ја влоши анемијата поради дефицит на железо. Ова може да биде затоа што витаминот А помага да се премести железото складирано во вашето тело до црвените крвни зрнца. Жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како што се морковите, се добри извори на каротеноиди, кои се претвораат во витамин А кога се консумираат. Покрај сок, се препорачува да се јаде и свеж морков.

Сок од сливи

Сокот од сливи не е добар извор на витамин А или Ц, но природно е богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на анемија со дефицит на железо.

Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38% од неговите 8 милиграми препорачана дневна доза на железо. За жените, кои треба да консумираат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од сливи би исполнила речиси 17% од потребата.

Млеко

Луѓето кои имаат анемија бидејќи не консумираат доволно витамин Б12 можат да го надоместат тоа со консумирање млеко. Секоја чаша млеко со малку маснотии содржи 1 микрограм витамин Б12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасни.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе