Четири лекции кои ги научивме од серијата „Sex and the City“

Најверојатно не постои некој којшто не изгледал барем една епизода од култната серија „Sex and the City“. Со оглед на тоа дека излезе продолжението со назив „And Just Like That“, одлучивме да ве потсетиме на што нè научија Кери, Миранда, Шарлот и Саманта.

За модата

Сите помислуваме на Кери: на нејзиниот беспрекорен сенс за мода, раскошни фустани и Manolo Blahnik чевли, како и начинот на којшто таа има влијание на нас. Но, не е само Кери. Сите три беа вистински модни икони – од атрактивната Саманта во секси фустани, до лежерната Миранда и елегантната Шарлот.

За пријателството

Серијата „Sex and the City“ внесе вистинско освежување на малите екрани со ставање на женското пријателство во прв план. Иако се сосема различни, Кери, Саманта, Шарлот и Миранда совршено се согласуваат, се надополнуваат и се разбираат. Една на друга се најдобро рамо за плачење, но и најдобро друштво за шопинг, ручек и забава.

За сексот

За крај, серијата ја „разголи“ и темата за сексот. Сите четири протагонистки имаа многу возбудлив сексуален живот и отворено разговараа за нивните искуства. Секс со помлад партнер, оргазам, тројка, вибратор, менопауза – сето тоа беше нешто нормално. Жените ширум светот добија одговори на многу интимни прашања за кои не можеа да разговараат со нивните вистински пријателки во реалниот живот.

За романтичните врски

Серијата ја одбележа бурната љубовна врска помеѓу Кери и Ѕверка(Мистер Биг) која се развиваше од првата до последната сезона, со многу подеми и падови. Нивната врска ги опфаќа важните теми како што се љубов на прв поглед, фазата на вљубеност, бројни предизвици, разочарување, неверство, брак и развод.

Во оваа серија се скршија илузиите за Господин Совршен и серијата нè научи дека не е важна возраста ниту сексуалната определба, ниту дали сме сингл или имаме партнер сè додека се сакаме и се прифаќаме себеси.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе