Четири проблеми на кои жените најчесто се жалаат кај брачен терапевт

Истражување за брачното советување покажало дека повеќето парови се обидуваат сами да го решат проблемот пред да побараат помош од терапевт. Обично им требаат неколку години пред да одлучат да побараат стручна помош.

Тие бараат помош, се разбира, со цел да ја спасат врската, но се чини дека откако ќе дојдат кај советник, мажите и жените доаѓаат со сосема различни поплаки за нивниот брак.

Според порталот YourTango, неодамна е спроведена студија која се занимавала со причините и мотивите за брачно советување. Таа покажа дека жените повеќе од мажите се грижат за сексуалната интимност, воспитувањето деца, љубомората, недостатокот на комуникација, губењето на довербата и стресот надвор од врската како фактори кои довелеа до проблеми, а потоа и до одење кај брачен терапевт.

Четворица експерти за врски ги издвоиле најчестите поплаки што ги слушаат од жените кои доаѓаат на брачно советување. Можеби се препознавате во некоја од нив, а доколку тоа се случи, важно е навреме да почнете да работите на проблемот за да не остави трајни последици врз вашата врска.

„Нашиот брак е заглавен и досаден“

Иако промените се дел од нашите животи, се чини дека поивеќето луѓе откако ќе го кажат судбоносното „да“, заклучуваат дека тоа е тоа и без премногу труд се препуштаат на секојдневието...

Најголемата загриженост што ја изразуваат мажените жени е дека нивниот брак станал заглавен, а другата страна не сака да направи ништо околу тоа. Заклучокот е дека на секоја врска треба да се работи за да се одржи жива и интересна, а иако рутината понекогаш е добра, сепак е добро понекогаш да се менува нешто, за бракот да не стане досаден.

Важно е вие ​​како двојка да одвоите време да разберете кои се вашите заеднички вредности и интереси, а потоа да ги претворите во забавна активност што ќе го одржи вашиот брак интересен.

„Нашиот сексуален живот не ги исполнува моите потреби и желби“

Сексуалната некомпатибилност е една од најчестите причини за незадоволство кај мажените жени. Тие се жалат на терапевтите дека нивниот сопруг не ги разбира во најинтимните ситуации и не се грижи за нивното сексуално задоволство.

Проблемот е што, со одредени исклучоци, бракот е нецелосен без сексуално задоволство. Со текот на времето, тоа може да доведе до поголеми проблеми, па затоа е нешто на што секој пар треба да работи. Самостојно или со помош на терапевт.

„Чувствувам дека мојот сопруг ме игнорира“

Според еден од психолозите, во својата кариера видела многу несреќни мажени жени кои најчесто ги обвинуваат своите сопрузи и се жалат на осаменост за време на сеанси. Тие велат дека се чувствуваат напуштено, па дури и изгубено, што резултира со зголемен гнев.

Во исто време, сè уште постои голем притисок врз многу жени дека нивниот дом мора да изгледа на одреден начин, дека нивните деца мора да бидат совршени, дека мора да ги задоволуваат сите потреби на нивниот сопруг... Ако и самите чувствувате дека другата страна ве игнорира, дека сте сами во сè, време е да разговарате за проблемот.

„Мојот сопруг навистина не ме познава“

И, конечно, еден од најчестите проблеми на кои жените се жалат на терапевтите е тоа што нивните сопрузи навистина не ги познаваат.

Во таква ситуација, жената со текот на времето почнува да чувствува дека нејзиниот сопруг ја зема здраво за готово и навистина не ја цени. За да се спречи катастрофа, важно е да се реагира навреме, да се разговара за проблемот и, доколку е потребно, да се побара помош од експерти.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Read more

Љубов и секс

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Read more

Како да ги прифатите мааните на вашиот партнер?

Read more

Студија одговори на вечното прашање: Дали мажите и жените можат да бидат „само пријатели“?

Read more

Зошто мажите глумат оргазам?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе