Четири работи кои се случуваат кога жената ќе престане да има секс

Сексуалните терапевти открија што се случува со женското тело кога жената ќе престане да биде сексуално активна.

1. Опуштање на вагиналните ѕидови

Докторката Сари Купер објасни дека како што се намалува активноста со годините, вагиналните ѕидови се опуштаат.

„Ако повозрасните жени немаат редовни сексуални односи, вагиналните ѕидови се опуштаат, а ако повторно се одлучат на сексуални односи, тоа може да биде многу болно“, вели докторката.

2. Губење на либидото

Една од главните последици на неактивен сексуален живот е губење на либидото, односно незаинтересираноста за секс и уживањето во него.

„Луѓето кои се воздржуваат од секс со текот на времето почнуваат да се чувствуваат тромо, а желбата за секс полека исчезнува. Некои од моите клиенти тоа го опишуваат со изреката ‘Далеку од очи, далеку од срце’“, објаснува докторката.

3. Болни менструации

Жените кои немаат редовен секс најчесто наидуваат на проблеми со изразено болни менструални грчеви. Според терапевтот Роберт Шнајдер, сексот помага за ублажување на болката.

„Матката е мускул, а многу жени за време на оргазмот всушност доживуваат контракции на матката, што предизвикува побрзо исфрлање на крвта. Грчевите се намалуваат, а менструалната крв полесно излегува од телото. Исто така, може да дојде до зголемување на ендорфинот, што исто така помага кај менструалните грчеви“, вели Шнајдер.

4. Намалена вагинална лубрикација

Намалената сексуална активност со себе носи и намалено вагиналнo подмачкување.

„Младите жени на возраст од 20 или 30 години имаа многу естроген кој обезбедува ткивата да останат здрави, еластични и подмачкани за време на апстиненција. Кај жена на 60-годишна возраст, штом еднаш естрогенот исчезне, не се враќа“, вели терапевтот Лорен Страјкер.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Љубов и секс

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Читај повеќе

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Читај повеќе