ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Четири сценарија како може да заврши Светското во Катар

Се ближи крајот на Мундијалот во Катар, а освен што полуфиналните двојки гарантираат вистински спектакл, веќе е јасно дека идниот шампион ќе испише фудбалска историја.

Можни се четири сценарија, а во секоја варијанта ќе добиеме спектакуларен исход.

Доколку Аргентина стане светски шампион, што веројатно би била најголема вест, Лионел Меси за прв пат во кариерата ќе се искачи на светскиот врв, а според многумина веќе нема да има дилема кој е најдобар фудбал играч на сите времиња (во трката со Кристијано Роналдо, чија репрезентација испадна од натпреварувањето).

 

The 4 possible scenarios of this World Cup: First World Cup for Leo Messi. 🇦🇷 First World Cup for Croatia. 🇭🇷 First...

Posted by Transfer News Live on Sunday, December 11, 2022

Друга можност е Хрватска да го освои златото, што ќе им биде прва титула по среброто од Русија и бронзата од Франција, а „Огнените“ да станат само деветта нација со титула светски првак.

Истото важи и за Мароко, кој веќе стана првата африканска репрезентација во полуфиналето на Мундијалите и секако нивната евентуална титула би била убедливо најголемата сензација во историјата на Мундијалите.

Конечно, ако Франција ја освои титулата вторпат по ред, таа би станала првата репрезентација која ја одбранила титулата по 60 години. Пред нив успеаја само Бразил во 1962 година и Италија во 1938 година.

Да потсетиме, во полуфиналните дуели силите ќе ги одмерат Аргентина и Хрватска, како и Франција и Мароко.

Први на теренот ќе излезат „Гаучосите“ и „Огнените“, кои се среќаваат во вторник во 20 часот, а ден подоцна во истиот термин ќе играат „Триколорите“ и „Лавовите на Атлас“.

Натпреварот за третото место е закажан за в сабота од 16 часот, а финалето ќе се игра в недела исто така со почеток од 16 часот.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе