Четири трикови за грижа на собните растенија во зима

Кога јадете банана, не ја фрлајте кората, бидејќи таа е една од најдобрите негуватели, но и незаменлив додаток за вашите собни растенија.

Доколку ги користите овие четири едноставни трикови за да се грижите за вашите цвеќиња, тие ќе ви се заблагодарат, а ќе имате бујни, здрави и убави цвеќиња на кои сите ќе им позавидат.

Исчистете им ги листовите

Еден од најдобрите начини да ги направите вашите миленици да блескаат е да ги избришете листовите со кора од банана. На овој начин ќе ги исчистите од прашина, но и ќе ги нахраните нивните зелени делови. Листовите ќе добијат сјај и исполнетост. Оваа постапка можете да ја повторувате двапати месечно.

Нахранете ги

Кората од банана е од органско потекло и лесно се распаѓа и се претвора во компост, кој е најдобар додаток за растенијата. Кората од банана исечкајте ја на парчиња, па закопајте ја во санксијата околу растенијата или во почвата околу розите. Растенијата ќе бидат побујни и поубави, а розите ќе цветаат како никогаш досега.

Ослободете се од инсектите

Друга предност на кората од банана е тоа што со неа лесно можете да се ослободите од инсектите. Идеална е за сите оние кои имаат градина и не сакаат да користат инсектициди. Изблендирајте ја кората од банана, па закопајте ја неколку сантиметри длабоко околу растенијата и инсектите ќе се разотидат.

Вода од банана

Ако користите кора од банана, нема да ви требаат дополнителни средства за да ги нахраните вашите собни растенија. Направете едноставен раствор за наводнување на цвеќињата. За наводнување на растенијата, најдобро е да ја користите кората од презрелите, потемнети банани, која ќе ја ставите во вода и ќе додадете малку кафеав шеќер, па ќе оставите да отстои ден-два.

Кората од банана е вистински благодет за нега на растенијата благодарение на минералите што ги содржи - калциум, фосфор и калиум. Тие минерали од кората ќе бидат ослободени во водата по 24 до 48 часа и ако ги полевате растенијата со овој раствор еднаш неделно, вашата соба во која чувате цвеќиња ќе изгледа како ботаничка градина во текот на целата година.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе