Четири знаци откриваат дека не внесувате доволно јаглехидрати

Заедно со протеините, јаглехидратите се едни од важните макронутриенти кои се наоѓаат во храната.

Иако се смета дека тие се одговорни за акумулацијата на вишокот килограми, недостатокот на јаглехидрати може да му наштети на здравјето.

Нутриционистот Никола Лудлам-Рајне се согласува дека преработените јаглехидрати треба да се елиминираат, но секако не сите. Јаглехидратите се гориво што му е потребно на телото да се движи и мозокот да размислува.

Така, доколку избегнувате јаглехидрати, можете да очекувате проблеми, а еве кои се симптомите кои откриваат дека ви недостасуваат во организмот.

Недостаток на енергија

Со оглед на тоа што се гориво за организмот, доколку целосно го намалите нивниот внес, веројатно ќе забележите дека имате помалку енергија. Иако нашето тело може да користи други елементи за енергија, јаглехидратите ќе ја понудат побрзо и телото ќе функционира подобро.

Мозочна магла

На мозокот му е потребна гликоза за да функционира правилно. Така, кога не консумирате доволно јаглехидрати, може да се најдете во лошо расположение и да се мачите да се концентрирате. Заедно со протеините, тие ќе помогнат во производството на триптофан, кој се претвора во серотонин, попознат како хормон на среќата.

Јаглехидратите можете да ги добивате од цели зрна, овошје и зеленчук, кои исто така ќе понудат многу влакна и есенцијални минерали за благосостојбата на целото тело.

Помалку енергија за вежбање

Телото ги складира јаглехидратите како гликоген во црниот дроб и мускулите, а тие се користат за енергија која им е потребна на сите спортисти, во секој спорт, дури и брзо одење, а особено им се потребни на оние кои се занимаваат со интензивни активности како што се HIIT програмите.

Ако не консумирате доволно јаглехидрати, нема да бидете успешни како и обично на тренинзите и може да страдате од болки во мускулите или главоболки.

Тешко закрепнување после тренинг

Не само што ќе послужат како гориво за тренинзи, туку ќе помогнат и за закрепнување после тренинг. Бидејќи на телото му се потребни хранливи материи после тренинг, дефинитивно се препорачува да се користат јаглехидрати за тие цели. Ако телото не се опорави правилно, болката во мускулите е неизбежна и ќе напредувате побавно.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе