Чилеанка на OnlyFans собира пари за да си купи фудбалски клуб

Плејбој ѕвездата Даниела Чавес тврди дека собрала 7,7 милиони евра обидувајќи се да го купи чилеанскиот фудбалски клуб О'Хигинс.

35-годишната Даниела отвори профил на OnlyFans пред само две недели и јасно стави до знаење дека тоа го прави за да го финансира купувањето на тимот со седиште во нејзиниот роден град Ранкагуа.

Сега, само две недели подоцна, таа рече дека веќе собрала речиси 8 милиони евра.

И додека ќе ѝ требаат уште најмалку 12 милиони евра за да има шанса да го преземе О'Хигинс, кој моментално е во сопственост на бизнисменот Рикардо Абумохор, брзата стапка со која таа ги обезбедува парите е прилично неверојатна.

„Собрав 8 милиони долари (7,7 милиони евра)... Денеска гледам во вестите дека челниците на О'Хигинс не сакаат да ми го продадат клубот“, напиша таа на Twitter минатата недела.

Таа потоа продолжи да го таргетира Абумохор.

„Рикардо Абумохор го стави клубот на продажба и сега кога сакам да го купам, ми велат не! Мислев дека овој човек е посериозен и сигурна сум дека можам да направам многу повеќе за клубот од него... Јас сум од овој регион, јас сум навивачка, а тој не е! Наводно, Абумохор сака да го продаде клубот освен ако некоја жена не сака да го купи“, додаде таа.

Сопствениците на О'Хигинс беа принудени да дадат изјава откако Даниела ги обвини за сексизам.

О'Хигинс е формиран во 1955 година откако два локални клуба направиле фузија благодарение на прославениот Карлос Дитборн, кој тогаш бил претседател на Централната фудбалска асоцијација, а подоцна станал и претседател на КОНМЕБОЛ и важи за најслужен што Чиле беше домаќин на Мундијалот во 1962 година. Токму на иницијатива на Дитборн клубот го добил името О'Хигинс во чест на Бернардо О'Хигинс, еден од освоначите на Чиле кој учествувал во ослободувањето од шпанската колонијална власт.

Клубот има само една титула шампион на Чиле и тоа од 2014 година, како и една титула од Суперкупот, освоена истата година.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе