ЦИА објави листа: Македонија на 42. место според стапката на смртност

Северна Македонија e на 42 место по стапка на смртност на листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави во светот.

Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината.

Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39.

Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.

Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.

Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.

Во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, лани починале 28.516 луѓе. Најчеста причина за смрт биле болестите на циркулаторниот систем (35.9 %), компликации од COVID-19 (20.6 %), неоплазмите (13.8 %), ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 %) и болестите на респираторниот систем (4.2 %).

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе