Цивилизација која неуморно фрла: До кога ќе се гушиме во пластика?

Само 20 компании произведуваат суровини за повеќе од половина од пластичните предмети за еднократна употреба во светот што се фрлаат секој ден, се вели во анализата на производителите на пластика, во која биле опфатени околу 1.000 фабрики кои прават суровини за производи за еднократна употреба.

Пластични шишиња, пакувања за храна и вреќи се меѓу милијардите предмети што се користат само еднаш и потоа се фрлаат, по што тие често завршуваат во океаните, пренесува BBC.

Истражувањето, во кое учествуваше и Лондонската школа за економија, се занимаваше со тоа кои компании се во коренот на синџирот на снабдување со пластика и прават полимери, основа за сите пластики.

Тие именуваа 20 петрохемиски компании, за кои рекоа дека се извор на 55 проценти од пластичниот отпад за еднократна употреба во светот. Меѓу нив се ExxonMobil, Dow и Sinopec.

Студијата, исто така, разгледала кои земји создаваат најмногу пластичен отпад за еднократна употреба по глава на жител.

Велика Британија се најде на четвртото место со повеќе од 40 килограми пластичен отпад годишно произведен по лице, а Австралија и САД се на врвот на оваа листа.

Дел од зголемувањето на побарувачката за пластични предмети произлегува и од потребата за заштитни маски и друга медицинска опрема во врска со пандемијата на коронавирус.

Фокус на синџирот на снабдување

BBC потсетува дека претходните студии се однесуваа на влијанието на пластичниот отпад врз природата или врз компаниите што прават и продаваат производи спакувани во пластика.

Наспроти ова, оваа најнова анализа се фокусира на текот на пластиката низ синџирот на снабдување, почнувајќи од производители на основни суровини за производи за еднократна употреба.

Овие суровини, познати како полимери, најмногу се произведуваат со преработка на фосилни горива, вклучувајќи нафта, гас и јаглен.

Американскиот ExxonMobil е најголемиот светски производител на пластика за еднократна употреба, проследен со Dow, Sinopec, Indorama Ventures, Saudi Aramco, PetroChina, LyondellBasell, Reliance Industries, Braskem, Alpek SA de CV, Borealis, Lotgte Chemical, INEOS, Total, Jiangsu Hailun Petrochemical, Far Eastern New Century, Formosa Plastics Corporation, China Energy Investment Group, PTT и China Resources.

Директорот на австралиската фондација што го водеше истражувањето, Доминик Чарлс, вели дека студијата нагласува дека „иднината на кризата со пластичен отпад е во рацете на само 20 компании“.

„Тоа е неверојатна точка на влијание врз регулаторите, финансиските институции е да влијаат врз нив да произведуваат рециклирана пластика наместо да произведуваат од фосилни горива“, рече Чарлс.

Тој додаде дека досега акцентот во напорите да се запре загадувањето со пластика беше ставен на индивидуалните избори што потрошувачите би можеле да ги направат.

„Но, мора да одиме чекор подалеку, да ја затвориме пластичната славина од фосилни горива и да создадеме пластика од рециклирани материјали“, посочува тој.

Извештајот предвидува дека во следните пет години производството на пластика ќе се зголеми за 30 проценти, што директно ќе влијае на зголемувањето на емисијата на јаглерод диоксид и ќе создаде повеќе пластичен отпад.

Цивилизација која неуморно фрла

Еден од оние кои исто така придонесоа за истражувањето е професорот Сем Фанкхаузер, експерт за економија на климатските промени на Универзитетот Оксфорд и Лондонската школа за економија.

„Нашето потпирање на нафтата и природниот гас не е единственото нешто што ги поттикнува климатските промени, туку и суровините што се користат во производството на пластика што се фрла, исто така ги уништуваат нашите океани. Исклучително е важно петрохемиските компании да преминат кон алтернативи засновани на циркуларната економија, ако имаме намера успешно да се справиме со вакви кризи. Придобивките од преминот кон алтернативни методи на производство ќе бидат огромни, не само за нашата животна средина и екосистемите, туку и за луѓето што живеат во реалноста на пластичниот отпад“, рече професорот.

Најголемиот светски производител на пластични полимери, ExxonMobil, вели дека ја споделува загриженоста на општеството за пластичниот отпад.

„ ExxonMobil презема чекори за решавање на отпадот од пластика со зголемување на можностите за рециклирање на пластика, поддржувајќи ги подобрувањата во рециклирањето на отпадот од пластика - на пример, преку нашето основачко членство во Алијансата за отстранување на пластичен отпад - и минимизирајќи ги загубите на пластични пелети од нашите производствени активности. Работиме и на напредни решенија за рециклирање за да создадеме можност за помали вкупни емисии на стакленички гасови во текот на целиот животен циклус на пластика“, се вели во соопштението на компанијата.

Друг голем производител на полимери, Ineos, исто така, рече дека компанијата работи на начини за хемиско рециклирање на пластика, додавајќи дека „светиот грал на рециклирањето пластика брзо станува реалност и ќе значи дека можеме да ја намалиме сегашната зависност од фосилни горива за да ги направиме нашите производи.“

Ineos го објави соопштението откако Гринпис вчера објави дека е пронајден пластичен отпад собран за рециклирање од британски домаќинства фрлен во Турција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе