Црна Гора по 30 години доби нов претседател

Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа Сега (ПЕС) победи убедливо во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат првичните резултати.

Досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ, кој ја извршуваше функцијата 30 години, е поразен со освоени 39,9 отсто од гласовите, додека Милатовиќ освоил 60,1 отсто, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 92,5 отсто од обработениот примерок, податоци на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Црногорските медиуми јавуваат дека веќе се слави победата на Милатовиќ.

Милатовиќ е роден во Подгорица на 7 декември 1986 година. Оженет е со Милена и има три деца, ќерките Сара и Ана, и синот Давид.

Милатовиќ беше избран за кандидат на ПЕС за претседател на Црна Гора на крајот на февруари годинава. По објавувањето на резултатите, тој рече дека на 2 април ќе го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија. Во текот на кампањата најави сака да биде човекот кој ќе ја внесе Црна Гора во Европската Унија.

Милатовиќ по победата: Се простивме од последниот диктатор во Европа

По победата во Црна Гора пред граѓаните се обрати новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

„Вечерва е ноќта што ја чекавме повеќе од 30 години и на сите да ни биде благословена оваа победа. Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора“, рече тој.

„Мило, крадец“, извикуваа штабот на новиот претседател Милатовиќ, пренесуваат локалните медиуми.

„Вечерва овде можете да ја видите силата на заедничката Црна Гора, ова е заедничка, историска победа“, продолжи тој.

„Вечерва заедно со сите граѓани им кажавме збогум на корупцијата и криминалот. Никогаш повеќе. Рековме добра вечер на побогата, успешна, европска Црна Гора. Вечерва сакам да кажам дека срцето ми е големо затоа што добив толкава доверба од граѓаните. Ветувам дека навистина ќе бидам претседател на сите граѓани на Црна Гора. Никогаш повеќе нема да не поделат, осиромашуваат, Црна Гора се движи кон земја на правда, доверба, заедништво, европска Црна Гора. Во следните пет години ќе ја внесеме Црна Гора во Европската Унија, ветувам, никогаш повеќе да не војуваме од Црна Гора кон нашите соседи и земјите од Западен Балкан, сакаме европски Западен Балкан.

Се збогувавме со последниот диктатор во Европа. Затоа вечерва ќе им кажам благодарам на сите луѓе кои во изминатите 30 години го носеа факелот на слободата што блесна вечерва.

Црна Гора никогаш нема да ја водат неуспешни и недемократски луѓе“, порача Милатовиќ.

URL
Тагови
реклама

Регион

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
 

Вести

  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе