По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

На 30 април, во паркот „Ибни Пајко“, со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на целодневниот џез хепенинг со кој Националниот џез оркестар се приклучува кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе ги видиме: Сашко Николовски Септет (Македонија), Фани Поса Квартет (Унгарија/Србија/Германија), Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (Македонија), Лана Јањанин Квартет (Хрватска), Џијан Емин и Магичниот оркестар (Македонија) и Карлос Сардуј Грув Месинџерс (Куба).

На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во Националниот џез оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.

Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.

„Ден пред 1 мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје - глобалната прослава на џезот и неговите придобивки! Бидете дел од ова случување, заедно да уживаме во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез!“, велат организаторите.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе