Д-р Гочевска: Од патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција, 20 се во изолација од кои 4 се позитивни

Од патниците кои пред неколку дена се вратија со автобус во државава по летувањето во Грција, досега 20 има во изолација од кои 4 се позитивни, а останатите се контакти. Изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите кои ги имале. Тоа се млади луѓе кои биле на летување во Грција. Ова денеска го изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје - Скопје.

Таа посочи дека освен шоферот и двајцата водичи ниту еден од патниците кои се во изолација не бил вакциниран.

– Лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале 14 дена од последната доза на вакцината не подлежат на изолација, но тоа не значи дека тие не треба да посветат внимание на евентуална појава на симптоми, рече доктор Гочевска.

Таа нагласи дека треба да се почитуваат мерките во затворен простор во смисла на носење маска, да се избегнува групирање, контакти без носење лична заштитна опрема и да се зголеми опфатот со вакцинацијата, затоа што тоа е единствениот начин за заштита од заболувањето.

– Опуштањето не треба да биде сто проценти, бидејќи вакцинација не дава стопроцентна гаранција дека некој нема да заболи, додаде д-р Гочевска.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова-Бухова за МИА претходно изјави дека доколку се процени дека и другите патници кои биле во автобусот се со среден или висок ризик и тие ќе добијат решенија за изолација.

– Во автобусот кој од Грција пристигнал во државава на 20 јули имало 27 патници, додаде д-р Сотирова-Бухова.

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе