Џабе новото примирје на Кавказ, пак има жртви

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска го поздрави хуманитарното примирје на кое се согласија Ерменија и Азербејџан, објави Елисејската палата.

Се наведува дека примирјето е склучено „по француското посредување во текот на претходните денови во координација со копретседавачите на Минската група“.

Ереван и Баку вчера соопштија дека се договориле за хуманитарно примирје кое стапи на сила на полноќ.

„Овој прекин на огнот треба да биде безусловен и строго да го почитуваат обете страни. Франција внимателно ќе ја следи ситуацијата и ќе остане ангажирана така што непријателствата трајно да престанат и наскоро да започнат веродостојни разговори“, соопшти кабинетот на Макрон.

Денес, Макрон неколкупати телефонски разговарал со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Претходниот договор за примирје, постигнат во Москва минатата недела, не се реализираше и го обележаа постојани кршења со престрелки и гранатирања, дури и на цивилни области.

Одбранбените единици на ерменската армија наводно уништиле четири непријателски тенкови на југ од зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах.

Според портпаролката на ерменската армија, Шушан Степанјан, Азербејџан користел голем број беспилотни летала и артилериски системи.

URL

Таа изјави дека Азербејџан го прекрши новото примирје склучено синоќа.

URL

Според ерменски извори, има жртви и ранети од обете страни.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе