Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово на својот Facebook профил објави три видеа и напиша дека го признава и поддржува правото на протести, но не поддржува насилство и поттикнување на омраза.
„Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, напиша Џафери на Facebook.
Дел од медиумите објавија дека по вчерашниот протест против францускиот предлог има искршени стакла и на Министерството за надворешни работи.
Од Собранието информираат дека сè уште не се знае колкава е штетата и најавуваат дека дополнително ќе информираат за тоа.