Џафери за датумот за избори: Нема да оставам да ме прегазат роковите

Нема да дозволам да ме прегазат роковите, вели собранискиот спикер Талат Џафери за датумот за избори.

Тој им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори.

„Политичките партии, кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери.

По овој рок, како што рече, мора да постапи во согласност со уставните обврски и да ги распише изборите.

Пред новинарите во Форино, Џафери објасни дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат уставот и законите за да се организираат изборите.

Тој ги повтори роковите, но и законската обврска за формирање техничка влада пред изборите.

Одговарајќи на прашањето кога уставните измени ќе бидат поставени на дневен ред, Џафери повтори дека точката е на дневен ред уште во август.

„И општата дебата е завршена, седницата е прекината и чека пратениците да рефлектираат во однос на потребата од обезбедување соодветно мнозинство. Дали ќе рефлектираат, кога ќе рефлектираат, тоа веќе не е прашање што треба мене да ме засега, тоа е прашање на субјектите што се присутни во Собранието“, потенцира собранискиот спикер.

реклама

Македонија

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе