„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања.

„Дајте музика“ и во новата сезона на Националниот сервис МТВ продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал повторно лансираше многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски-Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот, а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“.

Особено радува фактот што некои од постарите македонски хитови имаат огромна гледаност кај најмладата публика. На овогодинешната топ листа на Youtube каналот на „Дајте музика“ во изминативе три месеци убедливо води преработката на „Сите мои слики“ од групата „Ареа“ со близу 370.000 прегледи, легендарната „Скопје“ на Влатко Стефановски со скоро 270.000 прегледи и неодамнешното Божикно „Бекутан“ видео со преработка на песната „Ѕвона“ од Каролина Гочева со над 300.000 прегледи на сите канали.

Remote video URL

Протагонистите на серијалот, со своето скромно музичко искуство, сами успеаа да ја изведат и легендарната „Неправда“ од „Лева Патика“ на лајв дружењето со своите фанови на социјалните мрежи.

Идолите на новата генерација успеаа да ја доближат македонската музика до најмладата публика која очигледно ужива во најдобрите македонски музички хитови. Тоа го докажува и фактот што некои од музичките видеа поставени на Youtube каналот на „Дајте музика“ имаат гледаност од над 800.000 а самиот канал надмина 24,5 милиони прегледи.

Remote video URL

Оваа година, продукцијата „Рифенштал“ под покровителство на Македонската радио телевизија издаде два музички диска со најдобрите хитови од двете сезони на серијалот кои промотивно се делат на фановите преку каналите на социјалните мрежи.

Remote video URL

Наскоро следува нов проект кој дечињата ќе го подготват по повод 85 годишниот јубилеј на компанијата „Алкалоид“ а во кој преку еден голем македонски хит ќе се изрази благодарност до најзасегнатите општествени категории со пандемијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

МК сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе