Синоќа во Мадрид се одигра големото Ел Класико помеѓу Реал и Барселона, а кралскиот тим славеше по пресврт со резултат 3:2.
Се крена голема прашина за неколку спорни ситуации на овој натпревар, а Каталонците бурно протестираа кога не им беше досуден гол во 28. минута.
Тогаш шутираше младиот Ламине Јамал, голманот Андриј Лунин ја запре топката на гол-линијата, а играчите на Барса жестоко протестираа.
Сметаа дека топката ја минала линијата, голот е поништен, а по натпреварот се појави фотографија која отстрани секаква дилема.
Јасно е дека топката не ја мина линијата со целиот обем и дека голот не можеше да биде признаен.
Потсетуваме, победата на овој натпревар на Реал му ја донесе Џуд Белингем со гол за 3:2 во првата минута од судиското надополнување.
Така Реал сега има огромни 11 бода пред Барса и јасно е дека ќе освои уште една титула шпански првак.а