Дали Бренсон ќе летне во вселената пред Безос?

Мултимилионерот Ричард Бренсон доби дозвола да организира комерцијални патувања до работ на вселената со вселенско летало на неговата компанија Virgin Galactic, па сега сака и да го претрка ривалот Џеф Безос.

Досега компанијата на Бренсон имаше лиценца со која можеше да извршува само пробни летови.

Сепак, Федералната авијациска управа на САД денеска ѝ го даде на Virgin Galactic потребното одобрение за превоз на патници во вселената кои за тоа ќе ѝ платат на компанијата.

Околу 600 луѓе веќе уплатиле депозити на компанијата на британскиот претприемач и сите чекаат да летнат на надморска височина од 90 км, да доживеат бестежинска состојба и да ја видат закривеноста на Земјата.

Меѓу супербогатите патници има голем број филмски и музички ѕвезди. Virgin Galactic ќе ги испрати клиентите во вселената од наменскиот космодром во пустината во Ново Мексико.

Дозволата следеше по успешниот пробен лет на авионот Unity на 22 мај, кој ги исполнуваше сите технички услови според стандардите на Авијациската управа.

Компанијата го одреди распоредот на летови за оваа година и ќе продолжи да работи на подобрување на услугите што ќе им ги нуди на своите клиенти. На претстојниот лет на авионот Unity ќе има четири вработени во компанијата, додека Ричард Бренсон ќе патува во следната тура.

Во јавноста се шпекулираше дека можно е Бренсон да го премести летот за 4 јули, со цел да пристигне во вселената пред Џеф Безос, кој планира да го направи тоа на 20 јули, со летало на неговата компанија Blue Origin.

Сепак, како што рекоа за BBC од Virgin Galactic, времето на летот на Бренсон не е утврдено.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе