Дали е добро да вежбате босоноги?

Б.С.Б.
/ 13.10.2022 / 14:49

Многу фитнес тренери во текот на изведување вежби во домот, носат патики. Дали тоа значи дека е погрешно ако дома вежбате босоноги?

Една сметаат дека вежбањето со боси нозе е добро за јачење на стапалата, додека други сметаат дека тоа може да доведе до повреди. Па, што е тогаш правилно?

Физиотерапевтот Отам Хансон вели дека постојат многу фактори кои треба да се земат в обѕир пред да се одлучите да вежбате боси, но дефинитивно може да биде добро ако ги соблечете патиките пред изведување на некои вежби.

Со огледа на тоа што стапалата се единствениот дел од телото што е во постојан контакт со земјата, се потпираме на нив за сензорна повратна информација која ни помага да знаеме каде нашето тело се наоѓа во просторот.

„Нашите стапала во основа му говорат на мозокот каде телото се наоѓа во однос на околината“, објаснува Хансон и додава дека тоа е начин на кој добиваме клучни информации за нашата рамнотежа и стабилност.

 Смета дека вежбањето со боси нозе е еден од начините за зголемување на тие повратни информации. Не само што тоа спречува да се сопнеме туку помага во зацврстување на мускулите на стапалата и потколениците.

Уште една предност е што побавно се движиме и обрнуваме внимание на околината, а тоа ја поттикнува свесноста и делува смирувачки на умот и на телото.

„Додека нашите стапала се во чевли, нашите мускули мислат дека е време за одмор. Поточно, активноста на мускулите на стапалата значително се намалува бидејќи обликот и видот чевли се обидуваат да го контролираат движењето на стапалата наместо да поттикнат мускулите да се ангажираат“, објаснува физиотерапевтот за Well and Good.

Не смее да се занемари фактот дека и патиките имаат предност кога станува збор за вежбањето, ни даваат заштита од надворешни влијанија кои би можеле да доведат до повреда.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе