Дали Facebook ви должи пари?

Можеби ќе имате право на дел од спогодбата од 725 милиони долари, или 660 милиони евра, кои Meta се согласи да ги плати во колективната тужба, пренесуваат светските медиуми.

Според Daily Mail, корисници кои ги исполнуваат условите се оние кои имале профил на Facebook од 24 мај 2007 до 22 декември 2022 година, а тие луѓе треба да аплицираат на ОВОЈ ЛИНК до 25 август 2023 година.

Во тужбата, во која Meta се изјасни дека нема вина, се наведува дека компанијата Facebook без дозвола објавила кориснички податоци и информации за пријателите на корисниците на трети лица.

Сето ова произлегува од скандалот Cambridge Analytica од 2018 година, кога беше откриено дека компанијата злоупотребила податоци од десетици милиони профили на Facebook дозволувајќи пристап до трети страни.

Cambridge Analytica претходно тврдеше дека собрала податоци само од околу 30 милиони профили на Facebook, но според новите информации се чини дека собрала лични податоци од дури 87 милиони корисници на Facebook.

„Во Facebook наводно знаеле за несоодветното собирање податоци на Cambridge Analytica од 2015 година и не презеле ништо да ја запрат активноста или да ги известат корисниците до март 2018 година“, соопштија тамошните власти.

Во тужбата се вели дека Facebook не ги заштитил соодветно корисничките содржини и информации од злоупотреба или неовластен пристап.

Ова им овозможи на апликациите на „трети страни“ да „соберат и продаваат пристап до приватните информации на корисниците на Facebook, вклучително и до фирмата за политички консултантски услуги Cambridge Analytica, без знаење или согласност на корисниците, се тврди во тужбата.

Федерален судија во Калифорнија одобри спогодба од 725 милиони долари со Meta во март.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе