Дали кариерата на Арми Хамер е уништена поради интернет гласини или нешто друго?

Оваа година почна непријатно за актерот Арми Хамер кој по тврдењата на неколку жени дека е садист и канибал, изгуби неколку филмски проекти и на крајот доби и отказ.

Актерот се повлече од доста силни филмски проекти, остана и без дел од неговиот ПР тим, а агенцијата што го застапуваше ги прекина сите односи со него. Арми напушти мултимилионски проекти кои поради секс скандалот што го следи би можеле да се најдат во ПР пекол, што дополнително би се одразило на буџетот во веќе проблематичната ситуација со коронавирусот.

Сепак, се поставува прашањето дали во денешно време е доволно некој на социјалните мрежи да објави „ова и тоа“ за некого и тоа автоматски да подразбира крај на нечија кариера? А, дури и ако ова што го пишуваа за Хамер е точно, во што всушност е проблемот и зошто тоа би значело крај на неговата кариера?

Дали е ова доволна причина за да се уништи нечија кариера?

Како прво, Хамер не е канибал.

Пораките во кои Хамер наводно им пишува на девојките за неговите фетиши (дека сака да им ја пие крвта, да им ги сече прстите, да ги третира како робинки и фантазира за силување), доаѓаат од непроверени извори, а дури и да се пораките автентични и понатаму останува прашањето зошто тоа на кој било начин би го урнало неговиот кредибилитет пред кого било освен пред неговата сопруга која ја има изневерено со повеќе жени, поради што и се разделија летото 2020 година.

Но, тоа не е сè. Неколку негови бивши девојки на таблоидите им открија дека Хамер им зборувал како „сака да им ги извади ребрата, да ги стави на скара и да ги изеде“. Друга изјави дека ги врежал неговите иницијали на нејзината кожа, а и двете тврдат дека Хамер е „емоционален злоставувач“ и „манипулатор“.

И повторно, ако ова е вистина, Хамер е лош партнер, лош сопруг и некој кој ужива во необични фетиши кои во најлошиот случај се совршена забава за таблоидите и се сметаат за скандалозни, сепак дали се доволна причина за да му биде уништена кариерата?

Законски гледано, во наводните пораки не постои ништо казниво. Хамер разменувал пораки со полнолетни жени кои очигледно се согласиле на овој тип комуникација. Никој не кренал тужба против него и никој не ги проверил нивните изјави.

Тужби не постојат, но можеби би требало да постојат

Тимот на Хамер ги демантираше написите за тоа дека тој наводно малтретирал жени. Во овој случај се работи за рекла-кажала бидејќи нема тужби, туку има медиумско навлекување од бившите на Хамер. Адвокатот на актерот пред новинарите изјави дека обвинувањата се невистини и дека неговите интеракции со партнерките биле со обострана согласност.

Адвокатот тврди дека се работи за обид да биде нарушена неговата репутација. Со оглед на околностите, тешко е човек да не се согласи со него. Нема тужби и никој за нив не ни размислува.

Се поставува и прашањето, зошто ниту Арми не размислува за тужби?

Неговиот тим тврди дека не размислува за тужби и дека моментално фокусот му е насочен кон старателството за децата. И самиот актер изјави дека ги напушти филмските проекти како Shotgun Wedding и серијата The Offer бидејќи не сака да ги напушти децата за да мине четири месеци во Доминиканска Република.

Но, изгледа и оваа приказна е проѕирна бидејќи извори блиски до Variety  потврдија дека Хамер бил „замолен“ да си замине за да продолжат проектите без проблеми. Истото важи и за агенцијата што го застапуваше бидејќи на многумина во договорите им се наведени недозволени активности па очекувано е агенцијата да може да го прекине договорот на основа на имиџот кој ненадејно е нарушен со некој потег на ѕвездата, што значи дека се загрозува проектот.

Но, ќе си речете, и други актери имале скандали, еве Том Круз е човек поврзан со далеку посериозни скандали втемелени на цврсти докази, но Том Круз носи милијарди, не и Арни. 

Сè се сведува на имиџот

Целата ситуација со Арми во овој момент ова делува како медиумско уништување на човек со чии сексуални желби може, а и не мора да се согласите. Од неутрален актерот многу брзо дојде со статусот негативен во јавноста. Еден дел има и влијание #metoo трендот низ кој лесно може да се провлечат и оние кои реално не направиле ништо посебно, но изгледа како да направиле.

Се појавија и видеа на кои Арми шмрка кокаин, пие и вози и се фали како го минал тестот за дрога за да му дозволат да ги види децата среде бракоразводна парница. Зарем не сме свесни за фактот дека ѕвездите користат кокаин? Вистинските прашања што треба да се постават се дали Арми силувал, тепал, измачувал жена, пиел крв, изел нечиј дел од телото? Одговорот засега е не.

Во случај да се појават посериозни обвинувања во следните недели, тоа дефинитивно ќе ја уништи кариерата на овој млад актер. Што се однесува до јавноста, тој е обележан како канибал, никој не го сака во своја близина и моментално никој не сака да работи со него.

Многумина се шокирани и од фактот дека актерот е невнимателен со објавите на неговиот приватен профил каде споделува снимки со користење дрога и забави со жени во долна облека.

Имиџот е многу важен, не само глумата и продуцентите сакаат да се поврзат со таа идеја, тоа што актерите го прават надвор од студијата може да влијае дали ќе бидат ангажирани или не.

Како и да е, сите сакаат добра приказна за искупување, единствено останува да дознаеме дали Арми Хамер ќе ја има таа шанса да се искупи за своите грешки.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе