Дали миењето раце 20 секунди е доволно за да се убие коронавирусот?

Покрај изолацијата, носењето маски и социјалното дистанцирање, миењето раце со вода и сапун игра важна улога во борбата против COVID-19, а тоа често се заборава.

Тоа е нешто што многумина од нас го прават инстинктивно, скоро како мускулна меморија, неколкупати на ден. Се чини миењето раце никогаш не било толку важно колку во последните шест месеци.

Покрај арсеналот на оружје против коронавирус - маски, самоизолација и социјално дистанцирање, едно беше особено лесно да се занемари: миењето раце.

Кога COVID-19 се појави како глобална здравствена криза во февруари, здравствените служби се обидоа да ги советуваат луѓето како да се заштитат од новиот вирус.

Еден од предлозите што се повторуваше од ден на ден во вестите, рекламите и интервјуата на експерти беше миење на рацете со сапун и топла вода најмалку 20 секунди.

Светската здравствена организација објави графикон што остана запаметен и го прикажува точниот начин за миење раце, кој на вработените во угостителската дејност им е многу добро познат.

Шест месеци подоцна, збунувачката глобална слика како резултат на пиковите и локализираните забрани, како што е полицискиот час неодамна воведен во Мелбурн, Австралија, го турна на страна советот за миење раце.

Иако во некои места се засилени реакциите и препораките за носење маски и друга заштита за лице, ова другово магично решение против заразување со коронавирус се најде турнато од центарот на вниманието.

Едно опсервациско истражување спроведено во Етиопија, кое уште нема независна критика, покажа дека помалку од 1 процент од над 1.000 луѓе кои ги посетиле болниците, правилно ги миеле рацете.

Но, дали советот се има сменето? Воопшто не, велат експертите и нагласуваат колку е ефикасно миењето раце во борбата против коронавирусот.

Како сапунот го убива вирусот?

Томас Гилберт, вонреден професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот Нортвестерн во Бостон, Масачусетс, вели дека сапун и топла вода се повеќе од доволни за да се уништи коронавирусот.

„Овие вируси имаат мембрани кои ги опкружуваат генетските честички наречени липидни мембрани затоа што имаат мрсна, масна структура“, вели тој.

„Таква им е структурата пред сапунот и водата да ја неутрализираат.“

Со растворање на оваа надворешна „обвивка“, вирусната клетка се распаѓа, а генетскиот материјал (РНК), кој „киднапира“ човечки клетки за да направи копии од вирусот, исчезнува и се уништува.

„Не сум слушнал дека има нешто што би го скратило потребното време за миење раце на помалку од 20 секунди“, вели Гилберт.

„Сѐ што треба да направите е да ги намокрите рацете, да земете сапун и да направите пена, а потоа да ги триете рацете добри 20 секунди, допирајќи ја секоја пора“.

Ова дава доволно време, вели Гилберт, за да се случи хемиската реакција помеѓу липидната мембрана и сапунот.

Со топла вода, додава Гилберт, целата таа борба против вирусот „се случува малку побрзо“.

Мартин Микаелис, професор по молекуларни науки на Универзитетот во Кент во Велика Британија, вели дека само водата не е доволна за да се уништи вирусот.

„Кога имате маслиново масло на прстите додека готвите, многу е тешко да се ослободите од него само со вода“, вели тој. „Треба сапун.“

Кога станува збор за коронавирусот, сапунот е потребен на ист начин „да се отстрани тој липиден слој, за да се деактивира целиот вирус“.

Ефективноста на миењето на рацете се чини се подзаборави на сметка на широко распространетото користење средства за дезинфекција на рацете, складирани во мали шишиња што луѓето ги носат со себе од дома или во садови со пумпа поставени на влезовите во супермаркетите или кафулињата.

„Не е лоша идејата да имате такво нешто во вашиот автомобил или во близина на влезната врата", вели Гилберт.

„Овие работи се добри кога немате пристап до мијалник и вода и сапун. Јас секогаш побрзо би избрал вода и сапун отколку средства за дезинфекција за раце".

Колку често треба да ги миеме рацете сега?

На почетокот на пандемијата, научниот совет на Владата на Обединетото Кралство беше дека луѓето треба да ги мијат рацете на секои неколку часа, и покрај фактот дека поголемиот дел од населението беше заклучено во своите домови.

Гилберт вели дека тоа не е навистина потребно за оние кои претежно остануваат дома во текот на денот, иако, се разбира, треба да ги мијат рацете нормално по користење на тоалет, пред подготовка и пред јадење храна.

Оние што се грижат за некој со COVID-19, веројатно ќе сакаат да ги мијат рацете почесто, особено ако стапат во контакт со предмети или површини што ги допрел или врз кои се искашлал заразен пациент.

„Ако сте дома цел ден и низ куќата не ви поминуваат дваесет странци, тогаш миењето раце само колку да ги миете не е потребно“, вели тој.

Друг труд, направен од Ти Муи Фам од Универзитетот во Утрехт кој работи на неговата докторска теза, откри дека е многу поважно да се мијат рацете непосредно по контакт со потенцијално заразено лице или област, отколку да се мијат во некаков одреден временски интервал.

Некои луѓе се свртеа кон користење средства за дезинфекција, верувајќи дека се поефикасни од обичниот сапун, што не е така, вели Микаелис.

„Воопшто не ви требаат такви работи“, вели тој. „Повеќето антимикробни средства на пазарот се всушност антибактериски“.

Прекумерната употреба на овие средства може само да создаде проблеми во иднина, предупредува тој.

„Секое друго средство за дезинфекција што можете да го користите (освен сапун)... може да предизвика повеќе еколошка штета и повеќе проблеми со резистентни бактерии“.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Здравје

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
 

Магазин

  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе