Дали поскапите модели ќе ја платат цената за успехот на Tesla?

Tesla привремено ќе го прекине производството на Model S и Model X во својата фабрика во Калифорнија, а работниците се охрабруваат да волонтираат во компанијата во тој период.

Американскиот производител на електрични автомобили најави дека ќе го стопира погонот во кој се произведуваат Model S и Model X во периодот од 24 декември до 11 јануари.

Компанијата не објави која е причината за прекинот на производството, но се верува дека привременото суспендирање на работата има врска со послабите продажни резултати на овие модели во последно време.

Имено, во третиот квартал на 2020 година, Tesla испорача вкупно 15.200 примероци од Model S и Model X, додека продаде вкупно 139.300 автомобили. Во тој период, убедливо најмногу се бараа поевтините модели 3 и Y.

Сајтот Engadget претпоставува и дека дел од потенцијалните купувачи на Model S ја чекаат новата врвна верзија Plaid, која на пазарот ќе пристигне во 2021 година.

Елон Маск не крие дека целта на компанијата е да испорача 500.000 возила во 2020 година, но се чини дека овој резултат е тешко да се постигне, бидејќи продажбата во последниот, четвртиот квартал од оваа година треба да достигне 181.600 единици.

Работниците вработени во производството на Model S и Model X беа замолени да земат 5 неплатени слободни денови за претстојниот неработен период, покрај платените денови за божиќните и новогодишните празници.

Покрај тоа, им беше понудена опција, ако сакаат, да се обидат да најдат привремено вработување во други оддели на фабриката во Фримонт за тој период.

CNBC известува дека работниците дури биле охрабрени да волонтираат во Tesla во тој период и да помогнат во испораката на нови возила до клиентите.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе