Дали Пригожин ќе ја преживее изјавата против Путин?

Видеото објавено вчера од Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија Вагнер, повторно ги разгоре шпекулациите за несогласувања меѓу руските сили кои се борат во Украина.

Основачот на платеничката организација постојано критикуваше високи воени личности, но досега се воздржуваше од директни напади врз рускиот претседател Владимир Путин.

Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен извештај наведува дека ова сега можеби се променило. Тие тврдат дека Пригожин го искористил Денот на победата за да го „исмева Путин и да го доведе во прашање неговото расудување“. Го спореди со фигура на „среќен дедо“ кој „мисли дека е добар“.

Тој потоа постави реторичко прашање што треба да направат Русија и идните генерации, односно како Русија може да победи ако „дедото“ се покаже како „тотално ѓубре“. Американскиот тинк-тенк додава дека Пригожин, исто така, „забележал дека неименувани лица (најверојатно мислејќи на Путин и високи воени функционери) треба да престанат да се шетаат околу Црвениот плоштад“.

Институтот смета дека Пригожин речиси сигурно мислел на Путин, кој често го нарекуваат „дедо“ или поточно „дедо од бункерот“. Пригожин претходно по име нападна други високи функционери и офицери, но тоа не го стори во случајот на Путин, пренесува Sky News.

ISW истакнува дека нападите на шефот Вагнер врз Путин би можеле дополнително да ја поткопаат нормата за системот на Путин каде поединечни актери можат да се натпреваруваат за позиција и влијание (и да паднат и да ја изгубат наклонетоста на Путин), но не можат директно да го критикуваат Путин. Останува да се види дали Кремљ ќе му одговори на Пригожин во наредните денови.

Некои аналитичари сметаат дека Пригожин ја поставил крајната цел да го собори Путин од позицијата претседател на Русија. Андерс Аслунд, експерт за Русија и поранешен економски советник на руската влада од 1991 до 1994 година, рече дека „би било изненадувачки доколку Пригожин ја преживее оваа изјава“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе