Дали се однесувате пасивно-агресивно во врската?

Проблемите во врската или проблемите со воспитување на децата, трошењето, домашните работи, никогаш не треба да се туркаат под тепих, бидејќи тие предизвикуваат трајни фрустрации.

Честите расправии и несогласувања ја уништуваат врската, но уште поразорно е честото сузбивање на емоциите кои, кога ќе капне капката што ќе ја прелее чашата, завршува со експлозија. Скоро сите пасивни партнери кои му премолчуваат на другиот кога нешто им пречи, порано или подоцна се претвораат во агресивни луѓе, оние кои ќе „пукнат“ и ќе реагираат премногу бурно на навидум обична ситуација.

Психолозите и експертите за врски издвоија неколку вакви критични точки што сите парови треба да ги стават на дневен ред ако сакаат да избегнат несогласувања и да ги направат своите врски или бракови подобри.

На списокот на контроверзни теми кои се честа причина за расправија се наоѓаат децата, парите и постапките на членовите на семејството и пријателите. Начинот на кој ги качуваме нештата може многу да промени. Ова се најчестите лоши начини како да соопштите што ви пречи и како да постапите правилно следниот пат.

Само работиш и воопшто не размислуваш за мене и за семејството

Партнерот/партнерката можеби работи прекувремено за да преживеете или едноставно затоа што ужива во работата. Ако тоа ве прави да се чувствувате осамено, немојте да коментирате: „Престани да работиш толку многу“, зошто така испраќате погрешна порака дека не ја почитувате напорната работа на саканата личност. Признајте дека ви недостига! Може да станете половина час рано наутро и да пиете кафе заедно, да направите појадок и да кажете на позитивен начин што сакате од него/неа и врската.

Постојано се жалиш

Секој понекогаш има лош ден, но кога ќе станете на левата нога, не треба да покажувате нервоза кон вашиот партнер/партнерка. Кога другиот има еден од овие денови и се жали на што и да е, ислушајте го/ја добро, не само неколку минути. Откако ќе каже што му/ѝ лежи на срце, насочете го разговорот на посветлата страна на приказната. Обидете се да го/ја расположите, бидете поддржувачки настроени.

Ќе се одлепиш некогаш од телефонот?

Ако се вратите дома или завршите со работните обврски од дома и сфаќате дека треба да се изборите за неговото/нејзиното внимание со телефонот, да, ќе се изнервирате. Наместо да „стрелате“ со поглед, кажете отворено дека се чувствувате запоставени. Договорете се, на пример, да ги исклучите мобилните телефони за време на оброците или барем еден час навечер.

Сè паѓа на мој грб

Ако чувствувате дека партнерот/партнерката не ви помага доволно, разговарајте пред да почнете со нападот. Наведете ги барањата и наведете ги задачите што треба да ги направи. Ако понекогаш заборави, смирено потсетете го.

Те интересирам само кога сакаш секс

Интимноста најмногу се расипува ако партнерот/партнерката покажува емоции само кога сака секс. Без постојано покажување чувства, може да се почувствуваме несакани и непосакувани, па и да се убедиме дека другиот нè користи само за физички задоволства. Ако почнете да ја толкува секоја нежност како евтина увертира за секс, штом ќе ви пријде саканата личност, ќе станете напнати. Експертите сугерираат - определете ноќи без секс кога тој ви обрне внимание и ќе покаже дека ве сака и кога нема „хепиенд“.

Не ми го уништувај авторитетот пред децата

Објаснете дека двајцата мора да бидете во истиот тим, на истата страна во воспитувањето на децата. Можете да разговарате за стилот на воспитување приватно, но секогаш бидете обединети пред децата.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе