Дали Швајцарците ќе го укинат плаќањето во кеш?

Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, откако беше утврдено дека се собрани доволно потписи за организирање јавно изјаснување.

Готовината полека излегува од употреба во многу економии, бидејќи електронските плаќања стануваат стандард за трансакции во дигитализираните општества, што ѝ го олеснува на државата да ги следи постапките на своите граѓани, според Free Switzerland Movement (FBS).

Здружението сака да се додаде одредба во швајцарскиот закон за валути, со кој се регулира како централната банка и владата управуваат со понудата на пари, дека секогаш мора да има „доволна количина“ банкноти или монети во оптек.

FBS соопштија дека собрале повеќе од 111.000 потписи од граѓани кои го поддржуваат референдумот за ова прашање, 11.000 повеќе од пропишаниот минимум од 100.000.

Што значи исфрлањето на парите во кеш?

Според швајцарскиот систем на директна демократија, доколку добие поддршка од гласачите, предлогот ќе стане закон, иако владата и парламентот мора да одлучат за неговото спроведување.

„Јасно е дека... исфрлањето на готовината не само што покренува прашања за транспарентност, едноставност или безбедност... туку носи и голем ризик од тоталитарен надзор“, рече претседателот на FSB Рихард Колер на веб-страницата на групата.

Според него, Швајцарија треба да ја преземе главната улога во одбраната на готовината во Европа, бидејќи инсистирањето на такви гаранции во ЕУ би вклучило „речиси невозможен“ процес за добивање дозволи од сите 27 земји-членки.

Трендот на безготовински плаќања силно се забрза за време на пандемијата со COVID-19, но тој е присутен од 2017 година, кога истражувањето на агенцијата Ипсос покажа дека на повеќе од една третина од Европејците и Американците не би им недостигал кешот, а дека 20 отсто од нив не го користете воопшто, според Reuters.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Бизнис

По Волстрит, паднаа и европските берзи

Read more

Цантралната банка на САД ги покачи каматните стапки и покрај глобалните банкарски потреси

Read more

Меѓународната банкарска криза и глобалната економија

Read more

Американскиот долар ослабе во однос на еврото

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе