Дали си ги фрлате парите на витамини и суплементи?

Витамините, минералите и мултивитаминските додатоци веројатно нема да ве заштитат од рак, срцеви заболувања и смрт воопшто, вели Работната група на САД за превентивна заштита во упатствата објавени во вторникот во научното списание JAMA.

Од последните насоки што ги објавија во 2014 година, тие ревидираа 84 студии кои тестираа витамини кај скоро 700.000 луѓе.

Сепак, заклучокот останува ист како во 2014 година: ако сте здрава личност и не сте бремена, нема доволно докази за какви било придобивки од земање витамин Е, витамин Д, калциум, витамин А, бета каротен, витамин Б3, витамин Ц и селен, пишува CNN.

Има доволно докази против земање бета каротен во вид на суплементи за спречување на кардиоваскуларни болести и рак, кои телото ги претвора во витамин А, бидејќи постои зголемен ризик од смрт од кардиоваскуларни болести и рак на белите дробови - велат од Работната група.

Превенција на хронични заболувања преку научно докажани методи

Тие, исто така, забележуваат дека луѓето не треба да земаат витамин Е бидејќи, тврдат тие, веројатно нема никакви придобивки во однос на намалување на ризикот од смрт, кардиоваскуларни болести или рак.

„Советите за спречување на хронични болести кај пациентите треба да продолжат да се фокусираат на научно докажани пристапи, вклучувајќи урамнотежена исхрана богата со овошје и зеленчук и физичка активност“, рече д-р Џефри Линдер, раководител на Одделението за интерна медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Феринберг во Чикаго.

Како пример ја наведува медитеранската исхрана. Исхраната во медитерански стил која се темели на растителна храна и физичка активност може да го намали ризикот од висок холестерол, деменција, губење на меморијата, депресија и рак на дојка, потврдија бројни студии.

Храната што доаѓа од сончевиот медитерански регион исто така е поврзана со губење на тежината, посилни коски, поздраво срце и подолг живот.

Друга научно докажана диета е диетата DASH (Dietary Accesss to stop hypertension), која се заснова на пристап кој го запира високиот крвен притисок и успешно го намалува, покажаа студиите. Медитеранската диета и диетата DASH избегнуваат преработена храна и се фокусираат на овошје, зеленчук, грав, леќа, цели зрна, јаткасти плодови и семки.

„Наместо да трошите пари и време на суплементи, би било подобро да се фокусирате на активности за кои е докажано дека имаат здравствени придобивки придружени со здрава исхрана, вежбање, одржување на здрава тежина и избегнување пушење“, забележува д-р Линдер.

реклама

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе