Дали со Тексас ќе се отцепат уште 25 од државите на САД?

Тексашки националист тврди дека отцепувањето на Тексас од Соединетите Американски Држави „може да е многу поблиску отколку што мислите“. Неговата објава доаѓа во услови на тековен судир со федералните власти околу границата меѓу Тексас и Мексико, пишува Newsweek.

Тензиите се зголемија откако Врховниот суд на 22 јануари тесно пресуди (со пет спрема четири гласа) дека федералните агенти може да ја отстранат бодликавата жица долж границата. Жицата била поставена таму по наредба на гувернерот на Тексас Грег Абот во обид да се намали бројот на мигранти кои ја минуваат границата.

Како одговор на одлуката на Врховниот суд, Абот се повика на „уставното овластување на Тексас да се брани и заштити себеси“ од она што тој го опиша како „инвазија“. 25 други републикански гувернери објавија заедничка изјава во која ја изразија својата поддршка за неговата позиција.

„Кога Тексас пробува нешто, федералната влада се вмешува“

Даниел Милер, претседател на Тексашкото националистичко движење, кое се залага државата да стане целосно независна, разговараше за ситуацијата на неговиот поткаст Texas News. Во последната епизода, објавена во вторникот, Милер разговараше за влијанието на граничниот спор врз неговата кампања за независност на Тексас, или Текзит.

„Политиката на Абот е всушност Тексас кој се залага за нашите права, законот и нашиот суверенитет. Понекогаш 100 години историја може да се случат за еден ден или една недела. Секако, тоа е парафраза, но ете сме. Ова е една од оние ситуации кога се чинеше дека работите малку се забавија, потоа одеднаш сè се случи и сега е само прашање на време“, изјави Милер.

„Се наоѓаме во момент кога многу луѓе мислат на Текзит, и за и против. Прашањето за границата сега стана главна вест, а Текзит е природно и логично продолжение на она што се случува долу на границата. Се бориме да го добиеме она за што отсекогаш сме зборувале, а тоа е обврзувачко гласање Тексас да стане самоуправна, независна нација“, додаде тој.

Тој потврди дека федералната влада одамна ги спречила напорите на властите во Тексас да го намалат приливот преку границата.

„Секогаш кога Тексас се обидува да направи нешто за да ја обезбеди границата, федералната влада се вмешува“, рече Милер.

„Живееме во интересни времиња“

„Претходните обиди на Тексас беа толку спречени што Тексас - војската на Тексас и јавната безбедност - функционираа како помошни гранични патроли со задача да ги пуштат мигрантите, да ги обработуваат, да ги ставаат во автобуси и авиони и да ги испраќаат понатаму“, истакна тој.

Тој се осврна и на други држави со републикански гувернери кои го поддржуваа Абот. Се прашуваше дали има поголеми пукнатини во американската унија.

„Па, дали тоа значи дека ќе видиме отцепување не само на Тексас, туку и на останатите држави, другите 25, и што значи тоа за Унијата? Ова се интересни времиња“, истакна тој.

Тој е убеден дека сегашниот конфликт предизвикува повеќе Тексашани да гласаат „да“ во хипотетичко гласање за тоа дали Тексас треба да биде независна држава.

„Прашањето за границата направи две работи. Прво, значителен број неопределени гласачи претвори во гласачи кои ја поддржуваат независноста“, заклучи тој.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе