Дали треба да го галите вашето куче додека јаде?

Сигурно сте ја слушнале изреката дека не треба да „допирате лав додека спие“, а истото правило треба да важи и кога се во прашање кучињата.

Покрај тоа, вообичаено е мислењето дека треба да ги држите рацете крај себе дури и додека кучето јаде. Доколку не е потребна итна интервенција во однос на храната што сте му ја дале да ја јаде вашето куче, најдобро е да му дозволите да јаде мирно, без да го прекинувате. Секое одвлекување на вниманието, од ваша страна или од некој во домаќинството, може само да го вознемири кучето и да ја зголеми можноста тоа да ве касне.

Избегнување каснувања

Кучето може да ве касне ако го вознемирувате додека јаде, спие или се грижи за своите младенчиња.

Кога го храните вашето куче, најдобро е да застанете настрана и да му дозволите да јаде без прекин. Не само што ќе избегнете можни каснувања доколку кучето е вознемирено, туку и ќе му помогнете да јаде мирно и полека да ја вари храната.

Нервозата кај кучето што јаде се зголемува ако го галите или допирате на кој било начин, бидејќи може да помисли дека ќе му го одземете оброкот. Бучавата и гужвата за време на јадењето ќе имаат лош ефект врз кучето и тоа може да доведе до проблеми во однесувањето, па дури и до избегнување храна поради прекумерен стрес.

Невообичаено складирање храна

Некои кучиња ќе ја чуваат храната додека јадат: понекогаш ќе 'ржат за време на оброкот, дури и ако сте во нивна близина. Доколку ваквото однесување се повторува, консултирајте се со ветеринар, бидејќи кучето може да има проблеми со забите, па се чувствува ранливо и заштитнички на храната.

Агресија поради храна

Совршено здраво куче кое жестоко го чува садот со храна може да страда од агресија поради храна. Овој тип на однесување бара од вас да имате поинаков пристап кога го храните вашето куче без да го вознемирувате додека јаде.

Седнете тивко до кучето додека јаде и приоѓајте му со секој следен оброк. Мирно и ненаметливо додавајте храна во неговиот сад: на овој начин кучето ќе го поврзе вашето присуство со нешто убаво - ќе добие повеќе храна. Можете да ставите парче или две друга храна во чинијата додека кучето јаде за да ја добиете истата реакција. Со текот на времето, кучето ќе почне да ви верува и ќе разбере дека нема да му наштетите или да му земате од храната додека јаде.

Превентивни мерки

Навикнете го кучето на близина на луѓе и други домашни миленици додека јаде, но не обидувајте се да му ја одземете храната за време на оброкот.

Ако имате гости, нахранете го кучето во друга просторија, подалеку од нови лица и кажете им на гостите, особено на децата, да не му приоѓаат на кучето додека јаде. Идеално, одговорете само во итен случај со вербална команда, како „дојди“, за да го повикате кучето. Секогаш наградувајте ги таквите прекини со почести и пофалби.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе