Дали знаете што значи Wi-Fi?

Денес е тешко да се замисли животот без него, но дали знаете што всушност се крие зад оваа кратенка?

Живееме во свет на акроними и кратенки, особено во светот на технологијата - iOS, LiDAR, GPS... сето тоа се поими со кои се среќаваме речиси секојдневно.

Логично е дека зад овие акроними се кријат значајни фрази, на пр. GPS е „Глобален систем за позиционирање“ итн. Сепак, една кратенка особено се издвојува овде, и веројатно не значи што мислите - тоа е Wi-Fi.

Без разлика дали го пишувате со или без цртичка, Wi-Fi (или WiFi), веројатно би погодиле, значи нешто „безжично“, особено затоа што е вообичаено верување дека Wi-Fi е кратенка за „Wireless Fidelity“.

Сето тоа може да има смисла - освен што работите не се онакви какви што изгледаат.

Пред 19 години, односно во 2005 година, писателот и новинар Кори Доктороу на својот блог објави интервју со Фил Беланџер, еден од основачите на „Wi-Fi Alliance“, организација која одобрува Wi-Fi производи.

Беланџер тогаш откри дека Wi-Fi всушност значи - апсолутно ништо.

„Ни требаше нешто попривлечно од „IEEE 802.11b Direct Sequence“. Ангажиравме маркетинг агенција, тие дојдоа до десет акроними и го избравме овој. Слоганот ‘Стандард за Wireless Fidelity’ се појави подоцна“, рече Беланџер.

Тој откри и дека некои од неговите колеги биле „исплашени“ бидејќи не го разбирале името или целата приказна за маркетингот. Им требаше објаснување, па го смислија „Wireless Fidelity“ и така се роди „митот“.

Тагови
реклама

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе