Данска донира 2 милиона вакцини AstraZeneca на Западен Балкан

Данската Влада намени милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, како и уште милион дози вакцина AstraZeneca за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцините КОВАКС, соопштија од Данската амбасада во Белград.

Во моменталната епидемиолошка ситуација, како што наведуваат, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот AstraZeneca како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучија да ја поделат порачаната количина вакцини AstraZeneca со земјите на кои им е потребна.

Донациите за земјите од Западен Балкан ќе содржат дози од вакцината на AstraZeneca, кои Данска ги порача и ги плати, но кои не се испорачани сѐ уште. Моментално се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.

Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по тој повод изјави дека Балканот има значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници, но и го зголемува ризикот од нови жаришта.

– Драго ми е што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата, вели Кофод.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе