Данска и Германија го градат најдолгиот подводен железничко-автомобилски тунел во светот

Тунелот ќе биде изграден во Балтичкото Море на длабочина до 40 метри и ќе го скрати времето потребно за патување помеѓу Данска и Германија. Отворањето на тунелот е планирано за 2029 година.

Планирањето на тунелот именуван како Fehmarnbelt Tunnel (Fehmarnbelt Fixed Link) траеше повеќе од 10 години, а изградбата почна во 2020 година и тоа неколку месеци по завршувањето на работите на привременото пристанишпте на данската страна. Во ова пристаниште ќе се наоѓа фабрика која ќе произведе 89 огромни бетонски делови кои ќе го сочинуваат тунелот.

„Првата производна линија ќе биде спремна до крајот на оваа или почетокот на наредната година. До почетокот на 2024 година ќе бидеме подготвени да го ставиме во вода првиот елемент од тунелот“, изјави директорот на данската компанија Femern A/S која е задолжена за проектот.

Тунелот ќе биде долг 18 километри и е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти со буџет поголем од 7 милијарди евра. За споредба, тунелот кој ги поврзува Англија и Франција, познат како Евротунел, Каналски тунел и Чунел, е долг 50 километри, завршен беше во 1993 година, а чинеше 12 милијарди фунти во денешна вредност. Иако е подолг од Фемарнбелт тунелот, Евротунелот беше направен преку бушење со помош на машини, а не со потопување однапред направени делови.

Новиот тунел е дизајниран како алтернатива на траектната линија од Редби на островот Лоланд во Данска до Путгарден на островот Фемарн во Германија, која годишно превезува милиони патници. Возењето со траект трае 45 минути, а со воз тоа време ќе се намали на само 7. Со автомобил ќе биде околу 10 минути.

Кога ќе биде завршен, овој тунел ќе биде најдолгиот на светот кој комбинира автопат и железница. Ќе се состои од две насоки со дупли ленти, кои ќе ги раздвојува сервисен премин, а дел од него ќе бидат и две железнички пруги. Позитивно ќе се одрази и на товарните камиони и возови бидејќи тунелот ќе создаде рута помеѓу Шведска и Централна Европа која ќе биде за 160 километри пократка од сегашната.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе