Под оваа маска ниту сопствената мајка не би го препознала лесно, на интернет се објавени фотографии од снимањето на филмот „“House of Gucci, каде една од улогите ги толкува Џаред Лето.
Тој е непрепознатлив во новата улога во филмот „House of Gucci“, каде го толкува Паоло Гучи, некогашниот потпретседателот на компанијата Gucci.
Лето е познат по драстичните трансформации за филмските улоги.
Во филмот „Dallas Buyers“ толкуваше улога на трансродна жена, во „Requiem for a Dream“ глумеше зависник од хероин и за 2 месеца ослаби 12 кг, додека за филмот „Chapter 27“ мораше да се здебели повеќе од 30 килограми.