Џеј Ло и Бен Афлек викендов ќе прават спектакуларна тридневна венчавка

Еден месец откако си го кажаа судбоносното „да“, Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да направат голема тридневна венчавка за своето семејство и пријателите.

Познатиот пар викендов ќе го прослави својот голем ден, а како што пренесуваат странските медиуми, тоа ќе биде тридневна бајка вредна за светските наслови.

Нивната „интимна забава за семејството и пријателите“ ќе започне со пробна вечера вечерва, потоа ќе продолжи со церемонијата во сабота, а викендот ќе го заврши со скара и пикник в недела.

Како што беше претходно познато, церемонијата ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисбороу во сојузната држава Џорџија, а некои од ѕвездите на листата на гости на славниот пар се Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео.

Се очекува Џенифер да носи венчаница на Ralph Lauren, за која претходно навести дека ќе биде фустан што го носела во еден од нејзините стари филмови.

Во пресрет на возбудливите денови кои претстојат, парот беше забележан на големо семејно пазарење каде што ги направија последните подготовки за големиот викенд.

Двојката била лежерно облечена, а Џенифер ја покажала својата поврзаност со децата на нејзиниот сопруг држејќи се за рака со неговиот 10-годишен син Семјуел.

 

Да потсетиме, Џенифер ден по венчавката која се одржа на 16 јули потврди дека станала сопруга на Афлек, нејзината долгогодишна љубов.

„Успеавме. Љубовта е прекрасна. Љубовта е љубезна. И се покажа дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, напиша таа.

Џеј Ло, исто така, рече дека има намера да го користи презимето на Афлек, кое го навела на нејзината дозвола за брак во округот Кларк, па дури и го потпишала нејзиниот билтен како „Џенифер Лин Афлек“.

Двојката првично се забавуваше од 2002 до 2004 година, што кулминираше со веридбата која на крајот ја откажаа. Минатата година повторно ја разгореа својата романса, а изгледа тоа беше моментот што и двајцата го чекаа.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе