Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 8 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.

Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од Сити мол лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса.

Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ сѐ до Сити мол, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока сѐ до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон Центар ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе