Делта сојот е најбрза и најопасна варијанта, тврдат експертите

Делта сојот е најбрза, најиздржлива и најопасна верзија на коронавирусот со која светот се соочува, тврдат виролози и епидемиолози, пишува Reuters.

Вакцините и понатаму даваат силна заштита во одбрана против тешки инфекции и хоспитализација предизвикана од која било верзија на коронавирусот, а оние кои се во најголем ризик и понатаму се невакцинирани, тврдат експерти.

Главната грижа околу делта сојот, првпат идентификуван во Индија, не е во тоа што луѓето имаат потешки симптоми, туку многу полесно се шири од човек до човек, зголемувајќи го бројот на инфекции и хоспитализација меѓу невакцинираните.

Има сè повеќе докази дека е во состојба да зарази сè поголем број целосно вакцинирани луѓе за разлика од претходните верзии и изразена е загриженоста дека тие и понатаму би можеле да го шират вирусот, тврдат овие експерти.

„Најголемиот ризик за светот во овој момент е делта варијантата“, изјави микробиологот Шерон Пикок, која раководи со британските напори за секвенцирање на геномот на варијантата на коронавирусот, велејќи дека делта сојот е најиздржлива и најбрза варијанта досега.

Во Велика Британија се хоспитализирани вкупно 3.692 луѓе со делта варијанта, од нив 58,3% биле невакцинирани, додека 22,8% целосно вакцинирани.

Во Сингапур, каде делта сојот е најчеста варијанта, три четвртини од случаите се регистрирани меѓу вакцинирани, ниту еден не е тешко болен.

Студија во Кина oткри дека луѓето заразени со делта сојот носат 1.000 повеќе вируси во носот во споредба со сојот во Вухан идентификуван во 2019 година и затоа излачуваат повеќе од вирусот.

 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе