Денешните фудбалери почесто се повредуваат и потешко закрепнуваат

Б.С.Б.
/ 14.12.2022 / 08:32

Денешните фудбалери почесто се повредуваат и подолго закрепнуваат, што е последица од поголемиот интензитет на денешниот фудбал и сè поголемиот број натпревари во сезона, велат научници.

Особено страдаат задните мускули на нозете, се наведува во студија објавена во British Medical Journal.

Експерти анализирале медицински податоци од 3.909 професионални фудбалери од 54 европски клубови и од 20 земји, во периодот од 2000 до 2021 година.

Во тој период се забележани 2.636 повреди.  Податокот се однесува на 19% од сите пријавени повреди на фудбалери. Нивниот процент во анализираниот период е двојно зголемен, порасна од 12% во првата сезона (2001) на 24% во последната (2021).

Бројот на денови потребни за закрепнување исто така е удвоен, на 13% во просек.

Ризикот од повреди е 10 пати поголем на натпревар отколку на тренинг

Научниците заклучија дека тоа е последица од сè подолгите сезони, односно поголемиот број натпревари од висок интензитет. Мускулите на фудбалерите се во поголем ризик, додека ризикот од повреди се зголемува на натпреварите и е десет пати поголем отколку на тренинг.

Уште една од последиците на денешниот фудбал е и ризикот од повторување на повредата. Меѓу сите повреди во периодот меѓу 2000 и 2021 скоро 20% биле рецидиви. Меѓу нив, повеќе од две третини отпаднале на последици од прерано враќање на теренот.

Во последните две децении, секој петти играч во клубот пропуштил тренинг или натпревар поради повреда на задниот мускул на нозете. Според научниците, фудбалерите можат да очекуваат 8 такви повреди по сезона.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Фит

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

7 совети како да ослабите за 7 дена

Read more

Како да ја остварите целта од ефикасни 10.000 чекори дневно?

Read more

Три промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе