Нови фотографии од Џенифер Лопез и Бен Афлек како гушнати одат на вечера во хотелот Пендри во Холивуд, дефинитивно потврдуваат дека двајцата се повторно во врска.
Ова е прв пат да се видени заедно откако поминаа некое време заедно во Мајами. По одморот, Афлек одлета назад во Лос Анџелес за да помине време со своите деца, Лопез остана во Мајами.
Бен Афлек и Џенифер Лопез кои на почетокот од милениумов беа верени, повторно почнаа да се гледаат на почетокот од април годинава, по што почнаа да се шират гласини за обновување на нивната романса, откако Џенифер Лопез ја раскина врската со нејзиниот вереник Алекс Родригез по гласините дека ја изневерил.