Денови на канадска литература во ДПМ

Книги од канадски автори, преведени на македонски и на албански од англиски и од француски јазик од повеќе наши издавачки куќи, се претставени во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во рамки на Деновите на канадската литература, кои до 15 февруари ги организира издавачката куќа Феникс во соработка со Амбасадата на Канада.

Над десет македонски издавачки куќи во континуитет преведуваат дела од канадски автори. Најчесто преводите на книгите се финансирани преку европски проекти, мрежата Традуки или преку годишната програма за издавачка дејност.

Меѓу авторите преведени кај нас се Робин Шарма, Лонард Коен, Менли Палмер Хол, Чарлс Тејлор, Ричард Вагамис, Доминик Фортје..., а Маргарет Атвуд, која во 2016 го доби Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, е меѓу најпреведуваните.

На Деновите на канадска литература се претставени и преводи од двајца канадски автори добитници на Нобеловата награда за литература - Сол Белоу (1976) и Алис Манро (2023).

Порака и покана да се читаат насловите од канадската книжевност упати Стефан Дион, специјален претставник на канадскиот премиер за Европа и амбасадор на Канада во Франција и Монако.  

– Овде имате нобеловци, поезија, прекрасни приказни во кои ќе уживате, книги од одлични канадски автори/раскажувачи, рече Дион.

Марина Мијаковска, секретар за меѓународна соработка во ДПМ, соопшти дека околу 70 канадски автори се преведени на македонски јазик, што, рече, е импозантен број.

Но, смета дека и канадските читатели треба да се запознаат со македонски автори затоа што освен песни од поети од земјава објавени во книжевни списанија, нема преводи на книги од македонски јазик во таа земја.

Мијаковска посочи дека е преведен само романот „Едно лето од љубов и пепел“ на Алина Апостолска која живее во Канада и дека книгите на иселениците во Канада најчесто самостојно ги издаваат македонските здруженија.

Во рамките на Деновите на канадската литература во наредната седмица ќе бидат одржани промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе