Се чини немаше спортски медиум кој немаше пофални зборови за нив, а сега ретко кој ќе каже убав збор за нив.
Враќањето на Герет Бејл во Тотенхем донесе голови и асистенции во последно време, но беа потребни шест месеци да се „разработи“, додека последните години во Реал Мадрид сугерираа дека освојувачот на Лигата на шампиони веќе не се труди околу неговата фудбалска кариера.
Да не го заборавиме и Вилијан кој засега разочарува во Премиер лигата.
А, тука е и Месут Озил, кој не играше скоро една година и допрва ќе ја покажува својата најдобра форма со Фенербахче.
На листата ѕвезди кои згаснуваат на Football Daily се вклучени и Серхио Бускетс од Барселона, кој не ја покажува баранатаформа, како и Диего Коста, кој во моментов е слободен агент откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид.