Дури и 25 години по објавувањето на „The Matrix“, луѓето сè уште учат нови работи за оваа култна класика.
Со Киану Ривс во главната улога како фронтменот Нео, „The Matrix“ е сигурно една од најпопуларните научно-фантастични франшизи досега.
Имајќи го ова на ум, слободно може да се каже дека постојат некоимногу тврдокорни фанови на „The Matrix“, кои до ден-денес и натаму бараат детали за филмот.
Значи, има еден детаљ од првиот филм што се емитуваше во 1999 година, кој во последно време ги обиколува социјалните мрежи, а кој веројатно сте го пропуштиле. Многумина се пошегуваа дека се работи за „пропуст во матрицата“.
Во една сцена од првиот филм, каде Нео е испрашуван од федерални агенти, тие имаат папка полна со документи, вклучувајќи го и неговиот пасош.
Нео е роден како Томас А. Андерсон, што е прикажано на неговиот пасош - но проблемот не е во неговото име.
Всушност, љубителите на филмот го забележаа датумот на истекување на пасошот на Нео и се покажа дека е истиот датум како и кобниот ден 11 септември - еден од најсмртоносните терористички напади во светот.
На Reddit во вторникот (2 април), обожавател на „The Matrix“ сподели снимка од пасошот и го истакна датумот. Ова, како што се очекуваше, поттикна бројни теории на заговор. Но, може да се претпостави дека тоа е обична случајност.
Деталите што го покажуваат датумот на пасошот на Нео можете да го видите на 1:17 од приложеното видео.