Девет интересни факти прикажани преку мапи

Каде не се користи метричкиот систем?

Знаеме дека САД тераат инат, но дали знаете дека има уште две такви држави. Ако не сте слушнале, тоа се Либерија и Мјанмар. Официјално, тие две го немаат прифатено метричкиот систем.

Држани кои Британија ги нема нападнато

Не, државите обоени во розево не се оние кои Британија, или денес Обединетото Кралство, ги нема нападнато - туку оние кои ги има. Да, речиси цел свет.

Британија со векови важела за една од воено најсилните земји на светот и до денес има извршено инвазија на околу 90% од земјите на светот. Според The Telegraph, постојат само 21 држава кои останале недопрени од британска рака, а тие се Шведска, Белорусија, Лихтенштајн, Луксембург, Андора, Монако, Ватикан, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Монголија, Чад, Мали, Брег на Слонова Коска, Централна Африка, Бурунди, Конго, Парагвај, Боливија, Гватемала и Маршалски Острови.

Најчести презимиња во Европа

Милер, Гарсиа, Алмеида, Роси, Пападопулос, Попеску, Смит, Марфи... секоја европска земја се разликува во најчестото презиме, освен неколку. Презимето Новак е единствено кое како најчесто се јавува во три држави и тоа Полска, Чешка и Словенија.

Што ќе се напиете?

Интересно е да види што пијалаци преферираат народите ширум светот. Речиси цела во Северна Америка и поголемиот дел од Јужна Америка преферираат пиво, како и половина Европа каде другата половина претпочита вино. Мал дел од Европа и речиси цела Азија преферира жестоки пијалаци, вклучително и Русија каде тука победник е, нормално, вотката.

Кој троши најмногу на алкохол?

Дури 7% од домашниот будет на Ирците оди на алкохол. Убедливи светски шампиони во оваа категорија. Добро се држат и Финска, Бутан, Етиопија, Унгарија, Белорусија, Австралија и, верувале или не, Албанија.

Но, овие податоци се според СЗО, а за голем дел од земјите нема податоци (за сите кои се со бела боја).

Притоките на Мисисипи

Дали од филмовите или од брза геграфија, сите сме слушнале за реката Мисисипи која тече низ САД. Но, дали некогаш сте се запрашале колкава е оваа позната река? Ќе останете вчудоневидени доколку погледнете карта на Мисисипи заедно со сите притоки кои се влеваат во незјиното корито.

Ајде на кафе

Кои се најголемите кафеџии на светот? Според податоците, најмногу кафе пијат Скандинавците и тоа Норвешка, Шведска, Финска, Данска и Исланд каде на годишно ниво просечниот жител консумира помеѓу 7,3 и 12,7 килограми кафе. Во овој врв спаѓаат и Холандија и Швајцарија.

Каде живееле лавови?

Некогаш во историјата лавовите владееле со Африка. Можеби денес кога ќе го спомнеме овој континент веднаш нѐ асоцира на лавови, но кога убаво ќе погледнете ќе видите дека територијата населена со лавови денес е неверојатно помала со онаа која порано тие ја населувале. Воедно, порано лавовите ги имало и на Балканот и тоа и кај нас, како и на Блискиот Исток сѐ до Кавказот и источниот дел на Индија.

Имаш Viber, Messenger или Whatsapp?

Без апликациите за комуникација денес не може да се функционира. Секој има барем една, а некои и повеќе. Според бројот на корисници, борбата за најкористена апликација е помеѓу Messenger и Whatsapp. Messenger на Facebook го користат најголемиот дел од жителите во САД, Канада, Австралија, Франција, Норвешка, Шведска, Полска, Португалија, Алжир, Монголија, Грција и други.

Whatsapp го користи цела Јужна Америка, Мексико, Русија, Индија, Турција, Италија, Германија, Шпанија, Обединетото Крапство, голем дел од Африка и други.

Viber е број еден кај нас, во соседни Србија и Албанија, Босна и Херцеговина, Либија, Украина, Белорусија, Мали, Етиопија, Ирак, Мјанмар и други.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе