ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23,95%.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46,44%. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3,28%.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3,49% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0,7%.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25,84%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48,65%. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11,91%.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2,03% на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

  • Изборна единица 1 - 31,18%
  • Изборна единица 2 - 23,91%
  • Изборна единица 3 - 29,18%
  • Изборна единица 4 - 26,40%
  • Изборна единица 5 - 25,04%
  • Изборна единица 6 - 16,71%

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе