Дилема: Класични зимски или универзални гуми?

Уште од 15 ноември почна да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година.

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество  во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Имаме прилично блага зима без снег во урбаните средини, па сигурно повторно се отвора дилемата – класични зимски или универзални гуми?

Зимски или универзални (all season) гуми?

Сезоната на менување гуми веќе е во тек, па освен што треба да се одлучи која марка и модел да се набават, сѐ почесто се појавува и прашањето дали да се одлучите за зимски или универзални (all season) гуми.

Од друга страна, во услови на чест снег, мраз и при многу ниски температури, секогаш е најдобро решение да имате зимски гуми.

Составот на овие гуми овозможува максимално управување и го намалува ризикот од лизгање, додека длабочината на шарата обезбедува добра „прилепеност“ со патот, но исто така спречува задржување на снегот во внатрешноста на гумата.

Универзалните пневматици, како компромис помеѓу летните и зимските, можат да бидат добра алтернатива за зимските гуми во умерените региони, каде што нема големи температурни флуктуации, односно каде што летото не е премногу топло, а зимите се благи и дождливи.

Овие гуми се погодни за возење во места и градови каде снежните врнежи не се честа појава, но дури и кога се случуваат, улиците редовно и навремено се чистат од снег.

Исто така, универзалната гума може да биде добар избор за возачи кои поминуваат мал или ограничен број километри годишно.

Ознаката M+S не мора да значи дека гумата е адекватна за зима

При избор на гуми, без разлика дали се зимски или универзални, важно е да се напомене дека не се сите исти и дека симболите на страничните ѕидови исто така укажуаат на квалитетот и намената.

Вистинските зимски гуми може да ги препознаете не само по ознаката M+S, што значи дека се наменети за возење по кал (mud) и снег (snow), туку особено според симболот на три планински врвови со снегулки, што значи дека гумите се изработени според прописите на UNECE (Економска комисија за Европа при ООН).

Универзалните гуми ги имаат истите симболи и ознаки како и зимските, затоа тие се алтернатива и добар избор за оние кои возат на кратки растојанија, избегнуваат да возат на снег и живеат на места со блага клима.

реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Авто новости

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Read more

Renault го претстави новиот Espace

Read more

Подобро и од легнат полицаец

Read more

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Како да го отворите капачето на резервоарот кога е заглавено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Renault го претстави новиот Espace

Читај повеќе
  • play_arrow

Подобро и од легнат полицаец

Читај повеќе

Volkswagen откри што е потребно да се произведе е-автомобил од 20.000 евра

Читај повеќе
  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Читај повеќе

Бензинците сè попопуларни во Германија

Читај повеќе

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Читај повеќе

Volkswagen потврди: Доаѓа новиот Passat

Читај повеќе