Димитров: Што ние славиме е наша работа

Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) – Ние долго време се обидуваме да дадеме шанса на овој процес, мислам дека јавноста тоа јасно го забележува. Тоа што го велиме јавно е дека ние сакаме членство во ЕУ, сакаме да ги започнеме преговорите, но не разговараме за тоа кои сме и каков јазик зборуваме. Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Тоа право е наше суверено внатрешно право и кога Бугарија ја признала тогаш како прва држава Република Македонија меѓу другото го прифатила и тоа наше суверено право.

Ова вечерва го нагласи вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма.

– Јазичното богатство е едно од основните вредности на ЕУ и земјите членки. Со Лисабонскиот договор се обврзале да го почитуваат националниот идентитет свој и на другите, но се обврзале и во односот со своите соседи, соседството на ЕУ, да воспоставуваат партнерства врз основа на овие европски вредности, рече Димитров.

Според него, имаме апсолутно легитимно право од секого да очекуваме почит и прифаќање на нашето право на самоопределување.

– Би сакале на некој начин да е јасно дека секогаш кога има решение, компромис или молк, кога некои од основните вредности на ЕУ се кршат, Европа ослабува, вели Димитров.

Нашиот јазик, вели тој, е наша работа.

– Многу е клучно да се разбере дека нашиот македонски идентитет е резултат на историски процес, тоа не е предмет на политичка одлука, не е на нечија штета, на било кој сосед. Ние имаме како суверена држава едно елементарно право да очекуваме тоа да ни се почитува. Не може процесот на пристапување кон ЕУ да стане инструмент, механизам за попречување на ова право. Ова е вистински тест и за самата ЕУ, и за одлуката од март. Ние добивме чиста одлука да почнеме пристапни преговори. Каква порака ќе даде ЕУ кон нас и кон регионот, порача Димитров.

За него е спорно државата да има суд во однос на историјата.

– Може да има концепт, да се договори на кои принципи тоа ќе се работи, но за историјата мора да разговрааат историчарите, смета Димитров.

Ние, додава, не може да бидеме одговорни за друга држава.

– Што ние славиме е наша работа, тоа е мешање во нашите внатрешни работи. Каков идентитет имаме е наша работа, ние не се мешаме во идентитетот на кого било во соседството и пошироко. Не се мешаме како соседите гледаат во соседната историја, тоа е нивна работа. Имаме Комисија, има историчари, има периоди кога имаме заедничка историја со Бугарија и тоа е работа на историчарите, вели Димитров.

Смета дека шансата е да се држиме до тие принципи и правила.

– Две прашања се клучни – кој ќе влегува во Унијата и каде. Многу е битно прашањето „кој“ – упатува на идентитетот и јазикот, а прашањето „каде“ – упатува зошто ние толку сакаме да бидеме дел од ЕУ. Таму гледаме шанса за просперитет и затоа што таму гледаме заедница на вредности. Секогаш кога одлуките отстапуваат од суштинските врендости на Унијата, Европа станува послаба, заклучи Димитров.

Во моментов имаме негативен став од Бугарија и утре на Советот за општи работи на ЕУ неме да биде усвоена преговарачката рамка за Република Северна Македонија, изјави вицепремиерот за европски прашања.

– Веројатно ќе стане збор за нашето прашање, меѓутоа со оглед на сите изјави, посебно викендов имаше  мноштва изјави од Софија по ова прашање, а имајќи ги предвид и процедурите во ЕУ, утре  нема да се носат одлуки. Нема да биде усвоена преговарачката рамка, рече Димитров.

Според последните информации што доаѓаат од ЕУ, германското претседателство нема да ја стави на  усвојување преговарачката рамка доколку претходно не се обезбеди консензус, а во овој момент, вели Димитров, јасно е дека имаме негативен став на нашиот источен сосед.

Тој појасни и дека во смисла на процедурирте, состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ утре ќе биде виртуелен, нема да бидат во Брисел, нема да седат  на една  маса, а кога  тоа е случај,  согласно внатрешните постапки на ЕУ, тие не можат да носат одлуки. Можат да дебатираат  и  да разговараат, но во  овој период  практично сите одлуки на ЕУ се носат со пишани процедури преку  КОРЕПЕР телото на  амбасадорите, постојаните претставници на земјите членки  при  ЕУ, рече Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања нагласи дека Владата на С. Македонија останува посветена и да бара решение, бидејќи влогот е огромен и за нас, и за ЕУ, а и за Бугарија, но посочи дека нема да се разговара за прашања за кои не може да се разговара како што се јазикот или идентитетот.

реклама

Македонија

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Read more

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Read more

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Read more

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more
 

Вести

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе