Дипломатите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза ја промовираат стихозбирката „Македонски погледи“

Четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи / Sguardi macedoni / Miradas macedonias / Macedonian glances“ од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза ќе биде промовирана оваа среда, 21 јуни од 18:30 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

Ова поетско патување на двајца дипломати и пријатели истовремено е и дијалог на погледи, јазици и емоции низ оваа прекрасна земја - Македонија.

Промотор на книгата ќе биде Владимир Мартиновски, а модераторка Јулијана Величковска од ПНВ Публикации, во чие издание е книгата. Стиховите на мекедонски ќе ги чита: Христина Цветаноска (воедно и преведувач од италијански на македонски), а учесници ќе бидат и Климентина Ѓорѓиоска (како преведувач од англиски и шпански на македонски), Јасмина Никуљска Велковска (како преведувач од шпански на македонски) и Маја Краљевска (како автор на фотографиите во книгата).

„И дипломатот, и поетот ги притиска нешто во градите. А ако се тоа гради на една иста личност, тогаш веројатно притиска потешко.

Не е мал бројот на таквите, со двоен притисок во градите: и оној на прагматиката на дипломатската служба и оној на поетското доживување на светот. И тука има некоја правда, при вреднувањето; никој не ги памети нобеловците Габриела Мистрал и Пабло Неруда како конзули на својата земја – и тоа, по игра на случајот, последователно, еден по друг – во Мадрид; Иво Андриќ, да можел сигурно би се откажал пост фестум од своите амбасадорски денови во Берлин; Октавио Паз ќе остане забележан по својот ‘Лавиринт на осаменоста’, а не по ‘кошмарот на јавната осаменост’ како што, со својата својствена остроумност, го опишува дипломатскиот живот Вистан Хју Одн. Настојувањата на Јоргос Сеферис за грчко-турско помирување и зближување се секако евидентирани во дипломатските архиви, но она што останува вон времето и просторот е неговата поезија. Би можеле да набројуваме уште и уште сјајни примероци на поетското соѕвездие што се обидувале, како дипломати, да придонесат за мирот околу себе, борејќи се истовремено, како поети, да го пронајдат мирот во себе. Некогаш и како компензација за сеопштиот, не само за творечкиот немир.

Секој со својата судбина; дипломатска, поетска или некоја друга. Па сепак, во тој океан единечни и посебни судбини, повторно има нешто што ги поврзува дипломатите и поетите: и едните и другите живеат чергарски живот, меѓу различни земји и култури, меѓу сонот и јавето.

(...)

На таа линија, се чувствувам почестен што денес во Струга, во градот на поезијата, можам макар попатно да се осврнам на таа симбиоза, заедно со колегите дипломати и собраќа поети, Марио Де Роза од Италија и Ернесто Ередеро дел Кампо од Шпанија, уверен дека ова наше македонско поднебје ќе најде одраз и во нивното поетско писмо, како дополнителен придонес во изградбата на мостовите и зајакнувањето на врските меѓу земјите и народите.

И на крајот, навраќајќи се на песната од почетокот: доцна ли е сега да се пишува поезија? Секако не! Никогаш не е доцна ни да се води дипломатија, ни да се пишува поезија. Кога дипломатијата ќе престане да зборува, тогаш почнуваат да грмат топови. Ако поезијата секне, тогаш ќе го снема светот; или ако го има сè уште, нема да биде вреден да се живее во него.

Затоа, да го сфатиме сериозно дипломатот поет. Особено кога го стега нешто во градите.

Бидејќи, ако замолчи, под оревот, загледан во ѕвездите, тогаш можеби навистина е доцна за сѐ“, ќе рече Пајо Авировиќ.

Ернесто Ередеро дел Кампо (Ваљадолид, 1977) е оженет и има три деца. Католик и неуморен духовен трагач, дипломат по професија, филозоф по образование и уметник по вокација. Како филозоф, неговите главни теми на проучување биле скептицизмот и делата на Емил Чоран и на Лудвиг Витгенштајн. Како дипломат, тој ѝ служел на Шпанија во голем број земји. Последната, Северна Македонија. Неговите проекти во оваа земја се опиплив доказ за неговата љубов кон македонскиот народ и култура, со чија духовност и начин на гледање на светот е длабоко поврзан. Соработува како предавач со Филозофското друштво на Македонија, а ова е негова втора стихозбирка објавена на македонски јазик.

Марио Де Роза (1991) е италијански писател и поет од полуостровот Соренто. Тој е дипломат и моментално Заменик-шеф на мисијата на Италијанската амбасада во Северна Македонија, докторирал административно право и соработува со неколку универзитети. Покрај дела од правната област, има објавено и четири стихозбирки со наслов „И, конечно врне...“ (Бастоги, 2008), „Линии и граници“ (Монтедит, 2010), „Херои без ровови“ (Тигулиана, 2017), „Светулки и комарци“ (2020, последната заедно со уметникот и поет Алдо Терминиело), добивајќи награди на национални и меѓународни литературни конкурси. Неговите стихови се движат од класична метричка поезија до слободен стих, опфаќајќи мноштво теми коишто го наведуваат да ги истражува големите прашања на човековото постоење, како што се причините за љубовта и животот, врските и пријателството меѓу луѓето и со Бога, како и општествената динамика на нашето време.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе