Директорот на ИЈЗ се огради од Facebook статусот на ќерката на Караџовски

Директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети се огради од Facebook статусот на Елена Караџовска, ќерка на епидемиологот Жарко Караџовски. Тој соопшти дека Караџовска ќе биде повикана на разговор, пренесе Сител.

И од Министерството за здравство се оградуваат од статусот на Караџовска, но нема одговор дали ќе има санкција.

- Министерството за здравство ја поддржува работата на новинарите и медиумските работници и во нив гледа партнер во борбата со ковид-кризата. Како институција остануваме отворени за навремено, транспарентно и точно информирање на јавноста, како и отворени за соработка со медиумите и медиумските работници. Министерството се оградува од приватните ставови изнесени на приватни профили на социјални мрежи, на вработени во здравствениот сектор, велат од Здравство.

Инаку, Караџовска околу пет години е вработена во ИЈЗ. Нејзината задача е администрирање и менаџирање на сајтот на Институтот. 

„Драги безобразни новинари“, вака почнува објавата на Елена Караџовска, преку која се обиде да објасни зошто завчера доцнеше дневната ковид статистика.

Вели дека вработените остануваат ноќе за да бројат и рачно да внесуваат податоци кои подоцна се достапни за медиумите.  И според неа, срамота било да се коментира работата на ИЈЗ.

„Моите колеги знаат како е да не се прибереш дома со семејството, бидејќи бројат пријави и внесуваат податоци или работат во лабораторија. За разлика од сите вас шти си излегувате по кафани, слави, шетања и журкања низ државата и слично, некој нема време да живее на раат како вас, во време на корона пандемија, бидејќи работи одговорна работа. Срамота е да се коментира такво нешто, пишува Караџовска. ИЈЗ отсекогаш била институција која споделува податоци во врска со некоја состојба или настан. Вие работите, односно имате тема за статија зашто некој ви дава податоци, инаку ќе си пишувате за дневно-политички настани“, напиша Караџовска.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе